Алал да ни е

Алал да ни е: Лилјана (Лили) Талевски, САД – епизода 3

Везилка Магазин

Лили Талевски,  е актерка, пејачка и музичарка која е родена во Мичиген од мајка и татко Македонци. Љубовта кон изведувачката уметност ја развила многу рано во животот – нејзиниот талент бил забележан кога настапувала на училишните приредби, па професорот ја поттикнал да размисли за професионална кариера во шоу бизнисот.

Лили, која има само 25 години, позади себе има над дузина улоги во филмови, серии и театар, а во моментов ги снима сериите „ФБИ“ на CBS и „The watcher“ во продукција на Нетфликс.

Во ова интервју со Марина Анчевска, таа зборува за своето детство во Мичиген, за баба ѝ и дедо ѝ, за почетоците во овој бизнис, како и за дечко ѝ Владимир. Солзи, смеа, откривенија и благодарност – во овој разговор ќе видите од сѐ по нешто, а искреност најмногу.

 

 

Везилка Магазин