Алал да ни е

Алал да ни е: Снежана и Емил Попорданоски, Мелбурн Австралија – епизода 1

Везилка Магазин

По неколку ни подготовки, со особено задоволство ја најавуваме првата епизода од видео интервјуата на Везилка Магазинот наречени „Алал да ни е“!

Честа да го отворат ова ново поглавје за нас ја имаат Снежана и Емил Попорданоски, нашиот познат пар доктори од Мелбурн, Австралија, а низ разговорот ги води Марина Анчевска, НЛП експерт, бивша повратничка од Холандија, која веќе 15 години живее и работи во Скопје.

Насловната песна е македонската народна „По друм одам мајче“ во аранжман на нашиот виртуоз на гитара – Јован Милошевски од Палма де Мајорка. Всушност, интервјуто со Јован беше прво снимено, како благодарност за неговата музика и правата да ја користиме истата, но заради едитирачки причини истото ќе го видиме во следната епизода.

Претплатете се на Јутуб каналот на Везилка Магазин и следете ги видео интервјуата со Македонците низ светот!

Везилка Магазин