МакедонијаРепортажи

Библиотека АЛ-БИ во село Бабино, Демир Хисар

Патувања низ Македонија

фото: Бисера Степановска
Везилка Магазин

Библиотеката „Ал-Би“, с. Бабино, куќа со традиционален изглед, со етно-соба и амфитеатар, основана во 1882 година. Резултат на тривековна колекционерска работа, и поседува значителен фонд на ретки и уникатни книги, од кои најстарата е Арапски речник од 1307 година. Првите книги биле донесени во далечната 1882 година и тоа од Багдад, Техеран, Дамаск, Истанбул, Анкара, а се печатени на персиски, старотурски, арапски јазик.

Во Библиотеката „АЛ-БИ“, вгнездена под дабовата шума на демирхисарското село Бабино, се чуваат и се изложени првиот број на Македонскиот правопис, примерок од првото издание на македонскиот Буквар, првото издание на весникот „Нова Македонија“ отпечатен во селото Горно Врановци и првиот примерок од книгата на Ванчо Николески, „Волшебното самарче“.

Во овој дом на илјадници книги се одвива вистинска космичка драма на духот. Овде зборот живее со сета сила и магија, а клуч за влез во овој културен топос е благиот збор, вели Стево Степановски, сопственик на библиотеката.

Тука се среќава и зборникот на народни песни на браќата Миладиновци, печатен во 1891г.

 

извор: Бисера Степановска во Патувања низ Македонија

Везилка Магазин