Детали

Report Abuse

лого 2
Популарно

Ивана Настески – уметност што освојува светови и универзуми

“Сѐ што можеш да замислиш, е вистина” - Пабло Пикасо

И вистина, сѐ што може да се замисли, може да биде вистина. Во тој дух, уметноста е исконска вистина.Мудро забележал големиот Пикасо, и јас се согласувам.

Уметноста,заслужува да освојува светови и универзуми.Таа ни припаѓа на сите нам.Уметникот треба, сака, може и мора  да експериментира со нови ликовни медиуми.

Јас сум графичар, но исто така и сликам слики на платно и на лесонит.Она што во последно време ме импресионира е можноста да се нурнам во светот на акварелот, кој во комбинација со тушевите во боја дава безброј можности. Неговата лелеавост, проѕирност и транспарентност ми асоцира на импресивните јапонски ешарпи.

Експериментирајќи со разновидните подлоги и вклучувајќи ги природните и вештачки материјали, во форма на колаж нудат совршени шанси за да се допре до неизвесното, кое може да биде многу шармантно.

Се инспирирам од секојдневието, од погледите кои секојдневно не’ опкружуваат а ние не ги препознаваме. Тоа се најчесто погледи во моето атеље, мали мртви природи, широките пејзажи на Шар Планина или девојки кои танцуваат под Сонцето..

Уметникот, секогаш треба да се пои од изворот, од она кое му е блиско, кое го допира, кое може да го дофати или она кое може да го допре, за таа аура да може да му ја пренесе на гледачот во нејзиното највозвишено светло. Во таа насока, уметноста е универзално света!

Контакт информации

Имејл адреса
Социјални медиуми профили

Author Info

Ivana Nasteski

Member since 3 години ago
    View Profile