Детали

Report Abuse

Coaching-Website-
Популарно

Индивидуален системски коучинг – Личен Коучинг

Коучингот е моќен пристап насочен кон наоѓање на решенија во процесот на помагање и поддржување на поединецот во неговото достигнување на сопствената извонредност.

Системскиот Кочинг е креативен, предизвикувачки и мотивирачки разговор кој води кон трансформација и лично и професионално себеостварување.

Системскиот NLP коучинг е високо ориентиран кон резултати, промовирајќи развој на нови стратегии за размислување и делување кои се всушност спротивни на решавање проблеми и минати конфликти.

Индивидуалниот личен коучинг е наменет за сите оние поединци кои што сакаат да се развиваат лично и професионално. Освестувањето на свесните и несвесните процеси во секојдневната комуникација со самите себе и со другите околу нас, го прават овој коучинг уникатен. Излегувањето од зоната на комфорот може да биде најзначајниот дел од процесот на коучирањето. Резултатите се гарантирани и целите се остваруваат на многу едноставен и суптилен начин.

Формулирани се следните пакети во зависност од прашањето и/или ситуацијата за која што е потребно решавање:

  • Пакет кој што вклучува 3 индивидуални Системски НЛП коучинг сесии во траење од 90 минути/сесија
  • Пакет кој што вклучува 5 индивидуални Системски НЛП коучинг сесии во траење од 90 минути/сесија
  • Пакет кој што вклучува 7 индивидуални Системски НЛП коучинг сесии во траење од 90 минути/сесија

Побарајте понуда на: +389 78 402762 или на е-адреса.

 

Центарот за Бизнис Психологија е првиот меѓународен НЛП Центар во Македонија, акредитиран од страна на Американскиот Борд на НЛП (АБНЛП) и член на Меѓународното здружение за НЛП – АНЛП и на Меѓународното здружение за коучинг – ИАЦ! Нашите НЛП програми се акредитирани од страна на Американскиот Борд на НЛП (АБНЛП).

Центарот за бизнис психологија, Системски и НЛП, ЈИЕ, нуди широк спектар на деловни програми, програми за управување, коучинг и програми за личен развој, фокусирани на професионален и одржлив развој. Центарот за бизнис психологија, Системски и НЛП, ЈИЕ е водечки центар кој што обезбедува професионални меѓународно акредитирани и сертифицирани НЛП програми и Коучинг програми во Македонија.

Центарот за бизнис психологија, Системски и НЛП, ЈИЕ е единствен центар на Балканот кој посветено го применува системскиот пристап во своите програми, кои се насочени кон постигнување на посакуваните резултати на индивидуите и бизнисите. Примената на системскиот пристап во процесот на креирање позитивни промени делува во насока на поврзување на индивидуите и деловите од различните системи во комплексни функционални целини.

Нашите програми се наменети за сите љубопитни трагачи и за сите индивидуи кои што чувствуваат потреба за промена и сакаат да инвестираат во својот личен и професионален развој. Нудиме посебно формулирани обуки за различни типови организации, компании и здруженија на граѓани. Нашите програми за личен и професионален развој се погодни за секоја личност и организација, ориентирани кон континуиран раст и подобрување на нивната индивидуална и колективна активност.

Добредојдени сте да се вклучите во нашите програми и да дознаете што може да постигнете со знаењето стекнато во нашиот центар.

Контакт информации

Имејл адреса
Веб страна
Социјални медиуми профили

Видео

Author Info

Marina Anchevska

Member since 3 години ago
View Profile