Детали

Report Abuse

Creative-Writing_S3_v1_1
Популарно

Креативно пишување – работилница

Многумина од заинтересираните за работилницата за креативно пишување, со право ме прашаа: „како да знам дали сум соодветен кандидат за работилницата?; дали можеби треба да имам некакви предзнаења?; како да знам дали поседувам писателски талент?

За да посетувате работилница за креативно пишување, не е потребно да поседувате никакви предзнаења од областа на книжевноста. Доволно е да умеете да смислувате приказни.

Прашајте се себеси:

- дали кога седите дома пред менталниот екран ви прелетуваат настани, дијалози и ликови?;

- дали кога се возите во автобус ги приметувате деталите на лицето на патниците и без контрола започнувате конструирате приказна?;

-дали можете да го задржите вниманието на „публиката“, правејќи „драма“ од неважна ситуација?

Ако на прашањата одговорите позитивно, тогаш вие имате талент за пишување.

Работилницата за креативно пишување е замислена како забава. На часовите ќе добиете ветер во грб за да ја употребите својата имагинација.

Јас верувам дека во секој човек се крие уметник. Јас верувам дека секој има некаква нераскажана приказна, која би можел да ја сподели со светот. Она што секој потенцијатен писател го кочи е стравот од јавната осуда, стравот некој да не се препознае во приказната. Јас ќе ве научам како да ги избегнете овие проблеми.

Работилницата ќе започне на 01.03.2021 во 19.30ч, online.

 

Препораки за книги: https://booksrecomendedbysash.blogspot.com/

Објавена поезија: http://bonbonce.blogspot.com/

Контакт информации

Имејл адреса
Социјални медиуми профили

Author Info

Aleksandra Dimitrova

Member since 2 години ago
    View Profile

    Контактирај го сопственикот на бизнисот



    ПОСЛЕДНО