Детали

Report Abuse

samoglas 3 (1)

„Самоглас“ – прва платформа за пласирање на аудио книги на македонски јазик

Тимот на ФЛУКТУС е група на дипломирани актери. Ние веруваме дека без силна културна сцена, која може да изврши влијание врз формалните и неформалните образовни процеси, нема да постои никаква можност за младина која ќе го оствари својот полн потенцијал.

Проектот на кој работиме последните три години е „Самоглас“ -  првата платформа за пласирање на аудио книги на македонски јазик креирана со желба за промоција на културолошкиот и едукативниот раст во и надвор од државата. Платформата претставува веб и мобилна апликација за пристап до аудио библиотека која е нов модел за претставување на литературни содржини на македонски јазик. Во процесот на создавање на Самоглас (www.samoglas.mk)  дојдовме до сознанија дека аудио книгите се од директна корист за слепите и слабовидни лица, како и лицата со дислексија. Дополнителни бенефити од аудио книги се тоа што:

- го подобруваат говорот

- ја подобруваат концентрацијата и памтењето

- даваат можност паралелно да работиш и на други активности

- ја зголемуваат читачката навика

- се интересно и возбудливо искуство 

- го подобруваат менталното здравје

Самоглас е отворена и достапна за корисниците од Јануари 2020, до сега имаме:

  • 8.000 регистрирани корисници
  • 54 објавени книги на платформата
  • база од над 38 гласови на актери

Мобилната апликација на Самоглас е достапна на:

? За корисници на Андроид: https://cutt.ly/phONkf0
? За корисници на Епл: https://cutt.ly/LhONlXR

Контакт информации

Имејл адреса
Веб страна
Социјални медиуми профили

Author Info

Ангела Стојановска

Member since 3 години ago
    View Profile