
Системски бизнис коучинг – онлајн коучинг за тимови
Изминативе месеци за многу луѓе, организации и корпорации беа едни од најнепријатните со кои што повеќето од нас можеби се соочиле на лично и професионално поле.
Социјалните импликации, како што се пролонгираната изолација, затворањето во своите семејства, работењето од дома, имаат ефект врз менталното здравје и психолошката состојба на луѓето.
Во овие моменти кога се соочуваат со предизвици, компаниите ja согледуват важноста на човечкиот капитал.
Затоа е потребно компаниите да покажат висока колективна одговорност поставувајќи ја безбедноста и добросостојбата на сопствените вработени како врвен приоритет, со што ќе ги направат поподготвени и да можат да се справат со секојдневните предизвици и промени и да изградат поеластичен систем што се движи напред.
Во моментов имаме актуелна КОВИД-19 ситуација, која е доста неизвесна и чие времетраење е непознато. Ваквата ситуација придонесува за промена на потребите на вработените и редефинирање на нивните приоритети.
Затоа формулиравме 2-часовни онлајн Системски Тим Коучинг Сесии на актуелни теми, во рамките на кои учесницте ќе искусат практични техники кои што ќе им помогнат поедноставно да ја менаџираат нивната ментална и емотивна состојба, да почувствувате повеќе енергија и полесно да се справат со секојдневните предизвици:
- Mindfulness - Свесно присуство – Како да се справите со стресот? Како да воспоставите баланс помеѓу внатрешниот и надворешниот свет за да бидете присутни во сегашниот миг, да бидете сега и овде? Како лесно и едноставно да постигнете баланс помеѓу професионалниот и личниот живот, помеѓу умот и телото и емоциите и рациото.
- Како креирате однесување? Откријте го начинот на кој го креирате сопственото однесување и зошто понекогаш другите луѓе не ве разбираат.
- Справување со “тешки” емоции и “тешки”мисли - техники за поголема ментална еластичност и снаодливост.
- Премин од Crash во Coach state - како несвесната реакција да ја направите свесна и со тоа да имате контрола на вашето однесување во било која ситуација.
- Стилови на преживување – како да ги откриете вашите поствесни поттикнувачи во ситуација на предизвик, криза, недоразбирање и конфликт, и на лично и напрофесионално поле.
- Поттикнете го сонувачот во вас – поттикнете го оптимизмот. Дизни стратегија како корисна техника за изнаоѓање на поинакви креативни решенија за предизвиците со кои се соочувате во секојдневниот живот на лично и на професионално поле.
- Зголемување на соматска интелигенција – како преку телото полесно да се менаџираме себе си, како свесното дишење може да помогне да се справиме со секаква емотивна состојба. From Mindfulness to Mindemptiness!
- Дома или канцеларија, канцеларија или дома – каде припаѓате?
- Мојата улога во тимот – организациските системи имаат сопствена динамика и заплети. Како да се справите со истите?
- Логички нивоа на промена – моќна техника која можете да ја примените во тимска комуникација, тимска работа, процес на промени, поставување на цели, регрутација на луѓе, решавање на конфликти, водење на состаноци, и.т.н.
- Системски дијалог: Моќен инструмент за зајакнување на колективна интелигенција на тимот, решавање на нерешливи проблеми и подобрување на перформансите на тимот.
- Агилност, флексибилност и снаодливост – базични постулати на тимската работа – начини за подобра интерактивност во рамки на тимот за остварување на целите на компанијата.
- Фидбек – како разменувате информации со другите луѓе? Како разменувате информации во рамки на вашиот тим, вашата организација? Фидбекот не се однесува на идентитет, туку на однесување и способност. Научете како да давате конструктивен фидбек, бидејќи фидбекот е поврзан со начинот на како се справувате и се дисоцирате од емоциите.
Се разбира дека сме подготвени да излеземе во пресрет и за опфат и на други теми кои ќе сметате дека би биле од корист за вашите вработени.
За група од максимум 30 учесници!
Може да се комбинираат 2 и повеќе теми во пакети, за што се одобруваат одредени поволности.
Методологија на работа: Флип чарт и интерактивна дискусија со учесниците.
За подобар ефект на онлајн коучинг сесиите, пожелно е, доколку има можност учесниците да бидат вклучени со камера и интерактивно да учествуваат.
Учесниците претходно можат да најават на кои теми сакаат да разговараат со коучот и на основа на нивните барања коучот претходно да подготви практични техники, tips and tricks за справување.
Побарајте понуда на: +389 78 402762 или е-адреса.
Центарот за Бизнис Психологија е првиот меѓународен НЛП Центар во Македонија, акредитиран од страна на Американскиот Борд на НЛП (АБНЛП) и член на Меѓународното здружение за НЛП – АНЛП и на Меѓународното здружение за коучинг – ИАЦ! Нашите НЛП програми се акредитирани од страна на Американскиот Борд на НЛП (АБНЛП).
Центарот за бизнис психологија, Системски и НЛП, ЈИЕ, нуди широк спектар на деловни програми, програми за управување, коучинг и програми за личен развој, фокусирани на професионален и одржлив развој. Центарот за бизнис психологија, Системски и НЛП, ЈИЕ е водечки центар кој што обезбедува професионални меѓународно акредитирани и сертифицирани НЛП програми и Коучинг програми во Македонија.
Центарот за бизнис психологија, Системски и НЛП, ЈИЕ е единствен центар на Балканот кој посветено го применува системскиот пристап во своите програми, кои се насочени кон постигнување на посакуваните резултати на индивидуите и бизнисите. Примената на системскиот пристап во процесот на креирање позитивни промени делува во насока на поврзување на индивидуите и деловите од различните системи во комплексни функционални целини.
Нашите програми се наменети за сите љубопитни трагачи и за сите индивидуи кои што чувствуваат потреба за промена и сакаат да инвестираат во својот личен и професионален развој. Нудиме посебно формулирани обуки за различни типови организации, компании и здруженија на граѓани. Нашите програми за личен и професионален развој се погодни за секоја личност и организација, ориентирани кон континуиран раст и подобрување на нивната индивидуална и колективна активност.
Добредојдени сте да се вклучите во нашите програми и да дознаете што може да постигнете со знаењето стекнато во нашиот центар.