Детали

Report Abuse

drzaccveke
Популарно

Макраме производи Why Knot

Why Knot приказната започна со започнувањето на пандемијата и кризата. Ние како семејство отсекогаш се занимаваме со креативни работи, претежно поврзани со музиката и сликарството. Јас, покрај мојата редовна работа како професор во ДМУ „Тодор Скаловски Тетоец,  држев креативни часови по музика за  деца од предучилипна возраст. Но, кога часовите принудно беа прекинати поради појавата на пандемијата и кога останавме дома со работата, јас едноставно не знаев што со себе. Јас сум човек кој не мирува, туку цело време работам, активна сум на многу полиња и наеднаш тоа стана претешко за мене. Така почнав да гледам видеа на You Tube за изработки во техниката макраме и сфатив дека е нешто со кое несвесно, сме се занимавале како деца. Плетевме ткн. friendship bracelets и ги продававме. Почнав сериозно да размислувам за таа идеја, го купив мојот прв макраме конец и почнав да експериментирам.

Полека го смисливме фамилијарно брендот Why Knot и така тргна приказната. Нарачките почнаа со моите новогодишни производи кои побудија многу голем интерес кај луѓето. Веднаш после тоа, почнав со изработка на макраме навлаки за перничиња, макраме таписерии, држачи за цвеќе, а едни од најбараните се моите макраме еко торби.

Производите на Why Knot се создаваат од природни материјали како памук, лен, коноп и дрво. Не ја загадуваат околината, можат да се рециклираат и се изработуваат по принцип на нула отпад. Се поврзуваат со бохо стилот, кој станува се попопуларен. Асоцираат на топлина, удобност, нежност и едноставност.

 

Контакт информации

Имејл адреса
Социјални медиуми профили

Author Info

Avatar

Snezhana

Member since 1 година ago
View Profile