
AlexFiligree – сребрен филигрански накит
,,AlexFiligree" дојде како идеја за промовирање на филигранството надвор од границите на Македонија. Многу Македонци, но и странци, се фасцинирани од начинот на изработка и сакаат да поседуваат парче од нашата традиција дома. Апсолутно невообичаен, несекојдневен, а доволно интересен филигранот ги освојува сите симпатии низ цел свет, што е и една од мисиите на ,,AlexFiligree" како бренд.
Филигранството е уметност со долга традиција и се смета за една од најстарите техники на изработка на накит.
Тоа е стар занает оставен од Отоманската империја, а оваа традиција со генерации подоцна ја негувале и Македонските филигранисти кои изработувале прекрасни парчиња накит збогатен со скапоцени камчиња или бисери. Секое парче накит е уникатно и бидејќи процесот е комплексен, секое парче е посебно и единствено.
Процесот на изработка вклучува подготовка на материјал и алат, тргнеме на жица со одредена големина и форма, формирање облици, нивно меѓусебно ,,лепење" и правење една целина. Во денешно време македонската филигранска техника се смета за национално богатство, а сребрената пеперутка е еден од најпознатите елементи во филигранот и датира од раните години на минатиот век.