Детали

Report Abuse

Билјана Петровиќ 4
Популарно

BB Shanti Space – онлајн јога за сите возрасти и нивоа

Позади BB Shanti Space стојам јас, Билјана Петровиќ, родум од Куманово, а веќе 18 години живеам и работам во Канада.

Со јога се занимавам повеќе од 10 години, од коишто 8 сум јога инструктор, а последнава година започнав да работам и како Health and wellness coach.

Со јогата започнав сосема случајно, кога пред една деценија барав решение за моите проблеми со кичмата и тироидната жлезда за кои немаше едноставен излез. Со јогата, не само што си го вратив здравјето без лекарства и доктори, туку добив и многу повеќе - открив работи за себе, научив која сум и ги идентификував и најдов решение за случувањата во мојот живот.

Денес луѓето се соочуваат со стрес и тензии што се надвор од нивна контрола  повеќе од било кое друго време во историјата на човештвото...

Јогата, најстарата наука за животот, може да ве научи да го ставите вашиот стрес под контрола - не само на физичко, туку и на ментално, емоционално и духовно ниво.

Во стресните периоди јогата ви е најпотребна за да се ослободите од напнатоста, а сепак, тоа е и најтешкото време да се натерате да вежбате.

Ве уверувам дека не сте сами во тешкото пронаоѓање на мотивација, затоа придружете ми се во овие 10-15минутни сесии.

Започнете денеска!

Контакт информации

Имејл адреса
Веб страна
Социјални медиуми профили

Видео

Author Info

Avatar

Biljana Petrovik

Member since 2 години ago
View Profile

Контактирај го сопственикот на бизнисот



ПОСЛЕДНО