Детали

Report Abuse

лого

Love_Frida – бренд за уникатни рачно цртани маици

Љубовта кон цртањето се роди уште од мали нозе. Кога имав само пет години добив награда на државно ниво, во категорија со средношколци, но никогаш не се насочив кон уметноста. И покрај мојот талент, јас одлучив да студирам јазици и сега работам како професор по шпански јазик во едно интернационално училиште во Скопје. Моите часови им се секогаш интересни на децата затоа што јазикот го предавам преку цртежи - цртам на табла или на големи картички за децата да  можат визуелно да го запаметат вокабуларот.

Идејата за маици се јави во октомври минатата година, кога загубив многу драга личност од мојот живот и тагата морав да ја канализирам во нешто креативно. На почетокот, маиците ги цртав за себе и за своја душа, но луѓето околу мене почнаа да бараат да си купат за себе. За кратко време тоа премина во зависност - постојано никнуваа нови идеи, а заинтересираноста и продажбата почнаа да растат.

Love_Frida е бренд за уникатни рачно цртани маици кои се памучни и со висок квалитет. Се перат на 30 целзиусови степени и не ја губат бојата бидејќи по цртањето се фиксираат со пегла.  ¡ VIVA LA CREATIVIDAD !

Контакт информации

Имејл адреса
Социјални медиуми профили

Author Info

Везилка Бизнис Клуб

Member since 3 години ago
    View Profile