Музика и уметностНастаниСветУметност

Билјана Јуруковски, фотографка од Сиднеј, ќе биде дел од еден од најдобрите светски фестивали на фотографија во Дубаи

фото: Билјана Јуруковска
Везилка Магазин

Билјана Јуруковски е македонска повеќекратно надградувана фотографка, родена и израсната во Прилеп, која во моментов живее и работи во Сиднеј.

Билјана Јуруковска

Нејзината љубов кон фотографијата започнала пред неколку години, кога во 2014 година Билјана започнала едно себе-откривање и со апаратот во рака, тргнала на пат кон непознатото во светот.

фото: Билјана Јуруковска

Кога стравот го победила со љубопитност, водена од помислата дека нашите разлики нѐ прават уникатни, прекрасни и незаменливи, таа тргнува на места на кои повеќето луѓе не би ни помислиле да одат и од секое од тие места, со себе носи прекрасни доживувања, сеќавања и заробени моменти со апаратот.

фото: Билјана Јуруковска

Етиопија, Ангола, Монголија, Виетнам, Куба – се само дел од местата кои Билјана ги посетила последниве години, во желба да ги фотографира локалните номадски народи, со цел поттикнување дебати за различните култури и нивните припадници низ светот и како токму тие разлики, нѐ учат на мудрост и различен пристап кон решавањето на проблемите во светот.

фото: Билјана Јуруковска

Од 10 до 13 февруари 2021 година, Билјана ќе биде дел од Xposure, еден од најголемите и најзначајни интернационални фестивали на фотографија во Дубаи, каде ќе се престави со фотографии од своите светски патувања.

фото: Билјана Јуруковска

Кој е во можност и се најде таму во тој период – убаво би било да ѝ даде поддршка на нашата фотографка.

Со среќа и многу успех ти посакуваме Билјана!

фото: Билјана Јуруковска
Везилка Магазин