„Алал да ни е“ – дали доволно (си) го кажуваме ова?
Везилка Магазинот заедно со Марина Анчевска од Скопје, НЛП експерт и тренер за бизнис и личен развој, повратничка од Холандија, започнува со серијал видео интервјуа со коишто сакаме да оддадеме почит на многуте Македонци низ светот за сѐ што до сега направиле за себе, за општеството во кое живеат, за Македонија и за светот.
Лични трансформации, инспиративни приказни, надминати предизвици и непрестајно себеспознавање како дел од животот надвор од Македонија.
Следете го Јутуб каналот на Везилка Магазин за да ги чуете приказните на овие секојдневни и инспиративни херои распослани низ светот!
Огромна благодарност до Intelligent Network Solutions INS од Скопје за финансиската поддршка на проектот!