Дали сте слушнале за cloud forests?
Тоа се тропски планински региони каде има обилни врнежи и постојана кондензација, што пак создава облаци низ дрвјата.
Една таква шума со облаци се наоѓа и во Костарика, во близина на местото Монтеверде. National Geographic овој биолошки резерват го нарече „скапоцен камен во круната на облачните шумски резервати“, а Newsweek го прогласи за 14 место во светот на листата „Места за паметење пред да исчезнат“.
Големиот биодиверзитет, кој се состои од над 2.500 видови растенија (вклучувајќи и најмногу видови орхидеи на едно место), 100 видови цицачи, 400 видови птици, 120 видови влекачи и водоземци и илјадници инсекти, ги привлекува и научниците и туристите.
Ние имаме среќа наш Македонец да е локалец и да ни прати видео од лице место. Александар Арников, ти благодариме најмногу, се надеваме еден ден ќе имаме можност да те посетиме во Костарика.