Гледај книга е нова онлајн платформа на којашто актери читаат книги за деца. На нивниот сајт стои:
„ „Гледај книга“ платформата има видеа со забавна и едукативна содржина за деца.
Видео базата ја сочинуваат видеа во кои актери читаат светски познати илустрирани книги за деца на македонски и албански јазик.
Следајќи ги современите трендови во кои визуелноста и интерактивноста во комуникацијата доминираат, го одбравме видеото преку кое на децата ќе им се овозможи полесна едукација и информирање во денешната дигитална ера.
Во потрага по современи мултимедијални форми, преку нашата платформа, на децата ќе им се доближат книгите и на тој начин полесно ќе чекорат во светот на културата, книжевноста, уметноста, образованието итн. Со тоа ќе им се помогне кон посодржаен процес во нивната едукација и воспитување.
Книгите изобилуваат со современи и интересни теми, приказни во кои ликовите се соочуваат со различни предизвици и ситуации во кои секогаш наоѓаат решенија и ги надминуваат препреките.
Приказни кои пренесуваат важни вредности за децата како што се пријателство, искреност, чесност, добрина, емпатија, љубопитност, почитување на различности, љубов итн.
Сите книги, односно видеа, кои се дел од оваа платформа се достапни бесплатно.“
„Гледај книга“ можете да ги најдете на Фејсбук Инстаграм Јутуб