Фичо готви за вас!
Рецептот е многу лесен, следете го видеото и водете се по текстот:
Ориз (Карнароли) 300гр
Путер 60/70гр
Бујон 600гр (зеленчук)
Шафран 0,125гр
Сол по вкус
Пармезан 100гр
Кромид 70гр
Лук 3 чешниња
Маслиново масло 2 лажици
Бело вино 150мл
1. Ставете го маслиновото да се загрее на средна температура. Додадете го кромидот и лукот (ситно исечкани) да се издинстаат, да ги ослободат своите ароми.
2. Сварете го бујонот и оставете го да се замлачи, потоа додадете му го шафранот.
*За цело готвење додавајте го путерот сукцесивно.
3. Додадете го оризот да се запржи заедно со лукот и кромидот.
4. По 7мин готвење додадете го виното. *Бујонот додавајте го во 3-4 наврати.
5. Пред крај, изгасете ја ринглата и додадете го пармезанот.
*Не заборавајте цело време да мешате!
На здравје екипа!