Лично

Дали сте подготвени да откриете кои сте? – втор дел

Текст на Вишња Дурацоска

Везилка Магазин

Што сакам?

Сакам да имам ИЛИ сакам да бидам?

 

Сакам да имам убава голема куќа покрај морскиот брег. Сакам скап спортски автомобил, скапоцен накит и брендирана облека. Можеби сакам да имам многу пари во банка, тони злато и огромни дијаманти или акции на берзата. Или можеби сакам да имам мала дрвена куќа во шумата. Некој сака да биде сопственик на веспа; некој сонува за доволно храна за да преживее.

 

Без споредување, запрашајте се што сакам?

 

Не брзајте – барајте ги одговорите.

Сакам да бидам: адвокат, лекар, шеф, истражувач, тренер за живот, учител, возач, продавач, актер или пејач… Едуциран со титула, препознатлив по сопствени вештини и способности или истражувач во медицината , психологија, здрава храна, спортист со одлични резултати.

Светот е магично место каде живееме со нашите разлики. Разделени сме по раса, по бојата на нашата кожа, по континентите каде што живееме, по јазикот што го зборуваме, по верските верувања, по начинот на живот, работа, исхрана, по пол и возраст, по материјален статус, по образование … Нема крај на разликата што би можела да ја бројам со денови.

Но, зошто е толку тешко да се разбере дека сите сме слични во нашите чувства и емоции. Сите знаеме што е страв, гнев, завист, тага, а наспроти нив се сочувство, мир, блаженство, спокојство, љубов и среќа.

Многу патишта, многу прашања, многу можни идеи и одговори. Одвојте време во ова брзо темпо на живот за себе. Пребарувајте во себе и одговорите ќе ве најдат. Почнете да откривате, делумно, од мозаикот со кој сте родени. Сè е таму, само, имало илјадници фактори кои влијаеле и ги мешале тие мали мозаични делови од сложувалката. На почетокот, ќе се соочите со хаос. Но, само преку хаосот доаѓа ред.

Не веруваш? Обидете се да ја завршите коцката Рубик од сите 6 страни кога 3 или 4 страни се во согласност со боите. Мора да направите големи движења кои изгледаат како хаос, само за да ги препознаете принципите и да ги имплементирате во совршено обоени страни.

Тоа е единствениот вистински пат. Не плашете се да ја напуштите зоната на удобност.

Започнете го вашето магично патување низ кое ќе откриете многу тајни и вистини за вашето ЈАС СУМ, а тоа ќе ви ја открие радоста на живот преку љубовта во вашето секојдневие.

Што сакам? – Вашите одговори ќе ве одведат до единствениот универзален одговор:

САКАМ ДА СУМ СРЕЌЕН!

 

Вишња Дурацоска е професор, тренер за животни вештини, НЛП практичар и реики ментор. Живее и работи во Америка веќе 9 години. Повеќе инфо на нејзината веб страна

Везилка Магазин