Деветтото издание на Самитот Македонија2025, за првпат ќе се одржи во хибридна/дигитална форма од 1-ви до 3-ти декември 2020 година (од 15:30 до 17:30 часот) преку онлајн конференциската платформа hopin.com.
Самитот Македонија2025 е одличен регионален настан кој претставува платформа за споделување знаења, поврзување на бизнисите и поттикнување промени во регионот на Југоисточна Европа. Со едни од најдобрите имиња во бизнисот, науката и технологијата како нивни говорници, ја градат иднината во чекор со најразвиените земји во светот.
Во овој период, пандемијата на КОВИД-19 и здравствената и економска криза низ светот, се неизбежни теми на сите дискусии, собири и конференции, и иако Самитот ќе ги покрива и овие теми, сепак целта е зголемен фокус кон заздравување на економиите, економските реформи, како и претставување на успешни примери и најдобри практики кај компаниите од земјава и светот.
Ќе се зборува и за економските реформи и меѓународните односи за време на здравствената и економска криза и за тоа како да изградите успешен бизнис во земја во развој, а ќе се дискутира и за моќта на компаниите со култура ориентирана кон луѓето.
Македонија2025 очекуваат вклучување на над 400 високи претставници на институции и организации, дипломати, извршни директори, претприемачи, членови на академијата и млади лидери. Некои од говорниците на годинешниот Самит ги сочинуваат: Енди Пејкоф, основач на најголемата компанија за вода во светот „Нијагара ботлинг“, една од најуспешните претприемачки во Канада со македонско потекло – Сузан Ничовски, понатаму Харди Пемхива, извршен директор на „Еконет Глобал Лимитед“ во Јужна Африка, групација која се залага за градење на одржливи бизниси со позитивен придонес кон општеството и многу други.
Покрај панел-дискусиите, Самитот ќе вклучува и инспиративни интервјуа, разговори со врвни бизнисмени, лидери, носители на политики и признати професионалци од областа на медицината, како и специјален настан со Претседателот Стево Пендаровски и успешните млади Македонци за иновациите и кодирањето.
Пријавете се на овој настан и оставете свој белег во обликувањето на подобра, поефикасна и економски просперитетна иднина за регионот на Југоисточна Европа.
Билетите можат да се купат по симболична цена од 20 ЕУР, а регистрација на линкот тука.
Настанот ќе биде организиран во согласност со сите безбедносни протоколи за заштита од КОВИД-19, како хибриден/дигитален настан со физичко присуство само на локалните говорници и организацискиот тим.
Лице за контакт:
Ема Јакимовска
ema@macedonia2025.com