Интервјуа

Душко Ивановски: Здраворазумното мислење и критика се најголемиот недостаток на општеството и човештвото

Везилка Магазин

„Патот до себе“, роман чијшто автор е Македонецот од Лондон Душко Ивановски, започнат е да се пишува уште пред 9 години. На овој роман му претходела аудио книга „Клучот на успехот во новиот милениум“, којашто авторот, иако ја снимил, поради лошиот квалитет сепак одлучил никогаш да не ја објави.

Можеби некои чекори изгледаат како „неуспех“, но кога ќе се разгледа големата слика се доаѓа до заклучок дека сите тие биле неопходни за да се научат лекциите преку кои ќе се стигне до целта. А ако целта е дестинација, тогаш таа за Душко дефинитивно се исполнила, и утре, недела 24 октомври, во Yiewsley & West Drayton community center во Лондон во 13:30 часот е закажана промоција на романот „Патот до себе“.

Но, запознавајќи го авторот, сфатив дека за него целта не била издавањето на книгата, ами патувањето кое го довело до овој момент. По сите трансформации, промени, падови и успони, Душко утре ќе застане храбро пред своите најблиски пријатели и поддржувачи и држејќи го романот во раце, гордо ќе го раскаже својот пат до себе.

Сите кои сте во околината на Лондон и сте во можност утре физички да присуствувате на настанот, сигурна сум дека на Душко Ивановски ќе му биде повеќе од мило да ве види таму. За сите други, кои сакате да ѕирнете во психологијата на главниот лик Севда и со тоа да направите една паралела со себе и своето Јас, книгата можете да ја купите тука.

 

Во 1998 година ги седна родителите и им кажа дека сакаш да си заминеш од Македонија. Иако апсолвент на Машинскиот факултет, реши да оставиш сѐ и да побараш работа на фарма во Англија. Колку треба еден 25-годишник да е очаен и скршен за да се одлучи на ваков чекор?

 

Душко: Сите ние имаме соништа. Кога дојде моментот да се соочам со реалноста и кога ја видов со брутална искреност спрема самиот себе, до моето сознание допре суровата реалност – дека не само што не можам да ги остварам моите соништа, туку треба и да се борам за егзистенција. Бидејќи, ако е тешко да најдам работа откако ќе го завршам факултетот, тешко ќе е и да се оженам и да создадам фамилија. 

Многу луѓе си мислат дека можат да експериментираат со животот. А не разбираат дека најголемиот капитал што го имаат е времето. 

Колку повеќе луѓето се залажуваат и не ја согледуваат реалноста, толку повеќе го одолговлекуваат патот до себе.

 

Се сеќаваш ли на првите недели од пристигнувањето на фармата? Што те воодушеви, а што најтешко прифати во новата средина?

 

Душко: Кога прв пат дојдов во Англија на земјоделска фарма како студент, кога видов сѐ зелено, средено и чисто, кога видов како луѓето се ведри и расположени, таа атмосфера се рефлектираше во мојата душа, та чуствував како да беше тоа мој дом.Таа земја ветуваше за мене многу на сите нивоа да се израсне.

Најголемата пречка кај нас во Македонија беше фактот што сѐ додека луѓето се борат да преживеат, сѐ дотогаш се занимаваат само со  ниските имлусите за преживување, што прави во таква средина да е тешко да израсне и да се реализира човек. Малку беше тешко тоа што не го зборував англискиот јазик доволно добро, ама тоа не ме плашеше бидејќи зависеше од мене. Најмногу ме плашеше што во тоа време не беше лесно да се средат документи за да се остане.

 

По завршувањето на овој проект, со својата тогашна девојка, сегашна сопруга, се преселивте во Лондон. Те уплаши ли големината и отвореноста на градот или напротив, ти даде мотив дека можеш да бидеш кој и што сакаш, па ја грабна таа шанса и стана се што не можеше во Македонија?

 

Душко: Големите метрополи како Лондон се места каде што динамичноста и напнатоста на живеењето е многу поголема отколку во другите места. Но, од друга страна, можностите се скоро неограничени бидејќи можеш да најдеш и видиш сѐ што те интересира и сѐ што ти треба. Е сега, каде ќе се сместиш, во која средина, зависи од многу работи – од волјата, од тоа каква личност си и од својата судбина.  

За мене беше предизвик додека да се навикнам на таа динамика на живеење, но фактот дека сѐ што ме интересираше, како психологија, спиритуалност, неуролингвистика итн. беше достапно и блиску, го направи патувањето интересно.

 

Во еден период, истовремено учеше колеџ за механика и работеше во пекара за англиски традиционални слатки. Иако верувам било екстремно напорно, не се откажа и го заврши колеџот. Сметаш ли дека луѓето, кога ќе се преселат во странство, добиваат сила и волја за работи кои обично не би ги правеле во својата земја?

 

Душко: За секоја личност која е одговорна, која живее во средина каде му го вреднуваат трудот и талентот, каде има услови и надеж да го извадиш својот потенцијал, тогаш нормално е и волјата да проработи. Сѐ што правиме со љубов и радост е лесно, бидејќи љубовта е најголемата креирачка сила во Универзумот.  

 

Во одреден момент од нашите животи стануваме свесни дека сите настани кои се случиле до тогаш имале совршена смисла и причина. Како запознавањето со Тони Робинс и неговата филозофија те оддржа, а на некој начин и поттикна, по смртта на твојот татко да ја создадеш твојата аудио книга „Клучот на успехот во новиот милениум“?

 

Душко: Бидејќи се интересирав за спиритуалност и психологија и бев фан на Антони Робинс, кој е еден од најдобрите невролингвисти, во 2005 година имаше три дневен курс кое се викаше Unleash the Power Within – Personal coaching to transform your life. На тој курс, со боси нозе околу 10 метра одев по жар, и ако со мантра дишење и фокус жарта не ми ги изгори нозете, тогаш зошто да не можам да направам мала промена во животот?

Истата година, инспириран од тој настан и од болката заради прераната смрт на татко ми напишав една книга која се викаше „Клучот на успехот во новиот милениум“ мислејки дека тоа ќе помогне на многу луѓе  да го трансформираат својот живот. Ја издадов како аудио книга на 5 ЦД-а, но заради лошиот квалитет истите не излегоа во јавност.

 

Што значеше раѓањето на вашите ќерки за тебе и сопругата Милена и на што најтешко се адаптиравте во новите улоги на родители?

 

Душко: Во 2008 година се роди нашата прва ќерка Зои. Секој кој решил да не живее сам и да живее со партнер, мора да се прилагоди еден кон друг, а кога пак ќе се роди дете, тогаш ти мораш да се прилагодиш на твоето дете, а не тоа на тебе. Секое дете што ќе се роди те менува, поготово сегашните деца што се раѓаат.

Откако ќе се роди првото дете, секоја брачна заедница се става на испит, бидејќи тогаш за прв пат се соочуваат со грижата за нешто што го пореметува дотогашниот комфорт. Грижа за нешто што е поважно од самиот себе и за нешто што е толку блиску до твоето срце, а во исто време толку многу те вади од контакт. Тогаш излегуваат на површина сосема нови карактери и на двајцата родители, кои пред тоа и самите не ги знаеле.

Во 2015 се роди и нашата втора ќерка Холи. Кога си родител, не си само родител на твоите деца, туку си родител и на самиот себе, бидејќи колку повеќе им пружаш безусловна љубов на децата, толку повеќе пружаме љубов на самите нас.

 

Здраворазумското мислење и критика ги сметаш за свои најголеми таленти. Дали е ова причината заради која книгата „Патот до себе“ ја започна пред 12 години, а издаде дури неодамна?

 

Душко: Здраворазумното мислење и критика се најголемиот недостаток на општеството и човештвото, бидејќи без тоа ние се одделуваме од природата, од нашите чувства и од самите себе. Технологијата, како и селењето од селата во градовите, ја зголемува опасноста луѓето да се одделат од природата, поготово младите генерации кои растат со мобилни телефони, таблети и видео игри. Без тоа тие не знаат да прават разлики, да вреднуваат.

Денес тоа што се смета за нормално живеење е далеку од природното и здраво живеење. Основните морални вредности веќе не се на повидок, а тоа прави луѓето да се чувствуваат осамени, изолирани, изгубени и лесни за манипулација, со изгубена умешност да комуницираат и споделуваат искуства и чувства, кои се основните човекови вредности.

Тоа е и причината заради која ја напишав книгата Патот до себе.

 

Без да навлегуваме со сижето на книгата, сигурна сум дека нашите читатели ќе имаат можност да ја прочитаат некогаш во својот живот, би сакала да те прашам тебе, како автор, што најмногу би те израдувало и исполнило кога би дознал дека луѓето научиле од твоите зборови?

 

Душко: Најмногу би ме исполнило и израдувало кога секој што ќе ја прочита, ќе се пронајде самиот себе некаде во некој дел од книгата. И кога би научиле да се обраќаат со повеќе љубов кон себе и кон другите, зошто тоа ќе го направи светот поубаво место за живеење.

Еве еден мал извадок од книгата: 

Севда дoбрo знаeше каквo e чувствoтo на Магда, бидејќи и таа пoминала низ тoа. Беше свесна кoлку e судбoнoсeн тој момент и дека за тоа рeшава нeкoj друг за тeбe, нe ти самиoт, што значеше eднаш засекогаш да сe oддeлиш oд свoето семејство. Да нe те прашуваат кoга ти си пoдгoтвeн или ти сакаш да живeeш сo туѓинци и да пoчнeш да сe привикнуваш на сè oд пoчетoк. Да занeмeш, да замолчиш, да ги избришеш ситe свoи навики, дoбри и лоши, и да пoчнeш oд нула, да слушаш какo малo дeтe сeкoj што ќe ти каже, а да снoсиш oдгoвoрнoст какo вoзрасен, и наjлoшo – да спиeш сo нeкoj кoj нe гo пoзнаваш, кoj дoпрва трeба да гo запoзнаваш, а и oткакo ќe гo запoзнаeш, пак да нe можеш ништо да прoмeниш, туку самo да сe мoлиш на бoга да сe пoгoди нeкoj кoj барeм ќe тe пoчитува какo човек и нeма да jа сруши твojата личнoст. Далeку e за да може да сe збoрува за љубов кoга сè наeднаш ќе сe прeнатoвари: нoва срeдина, нoви луѓe, нoви услoви за живeeњe, нoви oбврски и нoва катeгoриjа дoмаќинлак. Тeшкo може нeкoj да ги исплива ситe тиe рабoти за да може да ѝ дадe мeсто на љубовта. Дури и да има нeкoj oгрoмна срeќа да му сe пoгoдат рабoтитe, сeпак љубовта ќe бидe задушeна oд сeкojднeвиeтo – oбврскитe и прoблeмитe. За да има љубов трeба слoбoда, љубовта нe може да сe oбврзува оти штом сe oбврзe, прeстанува да бидe љубов, па кoлку и нeкoи да тврдат дeка живeат вo љубов. Затoа Севда сакаше да разбeрe дали Магда сe знаe прeтхoднo сo нeгo, дали барeм почувствувала љубов, па макар и платoнска – eднoстрана. Затоа што љубовта e чудна сила. За љубовта може да сe пoминe низ наjгoлeми тeшкoтии и маки и пак да нe ги чувствуваш какo маки и тeшкoтии. Маjка ѝ jа чувствуваше нejзината вoзбуда и збунeтoст, jа насетуваше нejзината растрeпeрeна душа оти таа можеше да прeтпoстави што сe случува и со самoтo присуствo на Влаткo и рoдитeлитe, дури и да бeа самo гoсти, затoа што таа уштe првиoт пат кoга гo видe Влаткo разбуди интeрeс каj нeа, а пoтoа сo настанитe какo сe развиваат какo и тoj виднo сe заинтeрeсира за нeа и на краjoт сo писмoтo сo кoe ги oбeлoдeни свoитe чувства кон Магда, и таа нeмаше дeн да нe пoмислеше на нeгo, да нe гo прeпрoчиташе писмoтo кое гo криeше вo сeбe какo наjсвeта таjна. И маjка ѝ можеше да забeлeжи дeка самo кoга ќe гo спoмнeше имeтo на Влаткo, таа зарумeнува.

 

Ја гледаш ли Македонија како твој старо-нов дом, во било кој момент од својата иднина?

 

Душко: Секогаш кога одиме за Македонија на одмор сфаќаме колку само се имаме променето и колку веќе не припаѓаме на таа средина бидејќи во Англија живееме веќе 23 години. Во моментов и блиска иднина не гледаме можност за враќање и живеење во Македонија, но сѐ додека имаме роднини блиски и пријатели во Македонија, ќе нѐ влече носталгијата да си отидеме најмалку еднаш годишно за да се видиме.

И се разбира, во нашата крв секогаш ќе остане да тече македонското наследство од нашите претци и корени.

Везилка Магазин