Ликовно творештвоЛично

Жената во фокусот на книжевното, ликовно и уметничко творештво на Македонци низ светот

Одри Хепберн - автор Аспасија Топаловска - Петреска, Германија
Везилка Магазин

„Убавината на жената не е во облеката што ја носи, фигурата што ја има или начинот на којшто ја чешла косата. Убавината на жената се гледа во нејзините очи, затоа што тоа е вратата кон нејзиното срце, местото каде што живее љубовта. Вистинската убавина кај жената се рефлектира во нејзината душа“ – Одри Хепберн

 

Со интерес ги следам Вашите написи во Везилка, па така неодамна го видов написот за творби посветени на жената, по повод празникот 8-ми Март.
Во тој контекст Ви ја праќам оваа поема, која што неодамна ја пронајдов. Напишана е уште во далечните 80-ти години додека сум била во основно образование. Ви го праќам оригиналот во ракопис.
Срдечен поздрав,
Лилјана Алексовска – Стојковска, Чикаго САД

Смртта на една ЖЕНА – ХЕРОЈ

Ноемвриско утро надвиснало плеќки,

маглата сива по долини се влече,

по ливади стојат овенати тревки,

а ветерот дува, како со нож сече.

На небо облаци, ко килими меки,

дожд пороен и силен над нив се лее,

в далечина бучат распенети реки,

извикува негде орачот што сее.

По патот каллив кон селото што води,

со чекори брзи, решителни, цврсти,

една жена стројна, решително оди,

со палтенце кусо, премрзнати прсти.

Таа е гладна.

И боса.

И дождот ја шиба по снагата страдна,

А ветерот злобен и развеал коса.

Каде ли таа жена тргнала сега,

по невреме луто, дождот да ја кисне?

Но можеби тајна во пазуви стега,

под полите мокри сокриено писмо.

По задача важна тргнала во зори,

да однесе писмо до Партизански штаб,

но мисла една тешка стално ја мори,

пораката да не падне кај фашистички враг.

Од мислите црни ја оттргна истрел,

негде тука блиску се извиши пламен,

над глава и прелета куршум еден врел,

и се заби негде во дрво ил’ во камен.

По него и нови куршуми се редат,

и одеднаш болка во градите ја сви,

затрепери тивко и падна ко греда,

затвори очи сини, не испушти крик.

Лежеше мртва на планинското брдо,

личеше на заспана планинска вила,

но таа беше борец со срце тврдо,

што загина храбро за слобода мила.

И дождецот почна посилно да роси,

небото е суро, в болка тешка чмае,

ветерот немирен звуци тажни носи,

и легенда за жената – херој ткае.

Лилјана Алексовска – Соколовска – Чикаго, САД

 

Жена – автор Синиша Новески, Белград

 

Мајка – автор Синиша Новески, Белград

 

 

Мамо

 

Сите љубови завршуваат со тебе

и сите утра мирисаат на тебе.

Што е посилно од
мислата
насочена,
сосредоточена
во замислата

над перницата?

Сите азбуки започнуваат со тебе
во секоја ја препознавам твојата буква

го подвлекувам твоето име.

Зеницата и папокот се едно
зародиш на духот во две тела,
а јас,
јас се уште не сум смела
да го грабнам животот со себе
како стар пријател
и да заборавам

дека те нема повеќе
Мамо!!!

Бескрајно ми недостигаш мамо

Го туркам времето назад
свиена гранка што се искривила,
пробувам да ја исправам
старица подгрбавена,
а тоа ми се слизнува
како топка на удолница.И чекорите ми ги престигна,
и ме престаса
времето ми е непријател
кога смртта е неизбежна.Лице в лице
не се целивавме,
дур очи ти се затвараа
мене солзи не ми престанаа.
Дел од мене засекогаш ќе недостасува
како изгубено парче од сложувалка.Се е малку кога зборувам за тебе,
се е ништо во споредба со тебе

еве, да ти кажам само
бескрајно ми недостигаш мамо.
Емилија Жупаноска – Волонгонг, Австралија
Везилка Магазин