Пречекорувањето на прагот од родната куќа е веројатно една од потешките одлуки во животот. Каде и да заминеш, дел од срцето останува засекогаш извезено со татковото огниште.

„Везилка“ е магазин кој со професионални новинарски текстови, репортажи, истражувања и технички информации ќе ве носи низ светот и ќе ве враќа дома. „Везилка“ е конекцијата со корените, со блиските, со минатото и патоказ за иднината.

Кои се иселениците сите овие децении? Како живеат? Како стигнале таму каде што се? Што оставиле дома?

Кои се новите генерации што ги одбираат овие дестинации за свој нов дом? Како дошле, и што прават таму?

Зошто имаме повратници во Македонија, и како се чувствуваат сега кога се „дома“?

Настани, рецепти, корисни контакти и имиграциони линкови – за се` ова читајте на онлајн магазинот „Везилка“.