ИнтервјуаНие низ светот

„За мене Љубовта е сѐ, причината за која што живеам и најмоќната енергија во Универзумот“

Интервју со Тања Станковска, РЕИКИ Мајстор од Лондон

Везилка Магазин

Твоето животно патешествие надвор од Македонија започна во 2001 година, кога преку размена на студенти замина во САД. Како беше да си студент тоа време во Америка?

 

– Ми се допаѓа зборот патешествие, патувањето ми е една од моите пасии и секогаш знаев дека ке патувам многу. Америка ми беше секогаш прва од подалечните дестинации од соништата, и веднаш штом пристигнав во ЊУ ЈОРК во Columbia University како да влегов во некој филм, до тогаш такви кампуси гледавме само во сериите на ТВ како БЕВЕРЛИ ХИЛС 90210 ако се сеќавате.

Бев воодушевена од се, од зградите, од бројот и различноста на луѓето, од среденоста, како се функционира како еден мал град на наука. Во 2001 студирав на Филозовскиот Факултет во Скопје, после летниот семестар ги префрлив студиите во Мајами на FLORIDA INTERNATIONAL UNIVERSITY на Факултетот за Економија, завршив на отсекот Финансии и потоа Мастер во Бизнис Администрација.

 

Тања во Мајами – приватна архива

 

Да се биде студент во Америка за мене беше вистинско уживање. Љубовта кон учењето ја имам отсекогаш, и со сите ресурси што ги нуди образованието во САД е многу лесно да се биде добар студент. Се сеќавам седев со саати во Универзитетската Библиотека, читајки секакви книги. Бев во мојот совршен свет. Токму во таа библиотека запознав и прекрасни личности, луѓе со кои и ден денес сме пријатели.

Студентските денови се многу значаен период во животот на секој од нас, поминуваме низ процесот на созревање, и овие пријателства се посебни. Ги ценам бескрајно пријателите од овој период во САД, но и од Филозофскиот Факултет во Скопје.

 

Тања во Сан Франциско – приватна архива

 

Промени повеќе места на живеење таму – Њујорк, Мајами, Сан Диего, Сан Франциско. Што научи од секое од нив?

 

– Научив дека сум како птица, дека во секој момент можам да одлетам на ново место и дека секое од овие места се посебни, преубави и нудат се и сешто за секого, за сечиј вкус. Секогаш живеам во големи градови, места што нудат безброј можности и опции, почнувајќи од култура, уметност, храна, забава, места за шетање, разновидност на луѓе и обичаи итн. Сите овие моменти го зголемија моето внатрешно богатство како личност.

 

Колку ти беше близок или далечен начинот на живот во САД, споредено со Македонија, и на што ти беше најтешко да се навикнеш?

 

– Во САД се ми беше ново. Јас имам авантуристички дух и сум отворена кон промени, така да никогаш не споредувам. Со отворено срце ги пречекувам сите предизвици, и сум постојано вон комфорт зоната, не сум личност од навики.

Животот во земји со отворен карактер ме научи да сум отворена кон се и кон секого. Со тоа научив и дека колку и да сме навидум различни, и од каде и да сме, длабоко внатре сите сме исти.

 

Ослободување на егото – Тања Станковска

 

Кога и зошто се случи преселбата во Лондон?

 

– Преселбата во Лондон се случи во 2014, ненадејно и непланирано, еден од оние моменти *go with the flow, каде срцето го победи разумот. Кога сме отворени животот не` носи на наредната дестинација која што е најпогодна за тој период, да ги доживееме моментите кои ке ни покажат точно кои сме и што треба да научиме за да го продолжиме континуитетот на развој.

 

Лондон – приватна архива

 

Што ти даде Лондон, што истото не можеше да го најдеш во САД?

 

– ВизАир и почести посети во Македонија. Да се насмеам малку. Често ме прашуваат за споредба меѓу Обединетото Кралство и САД. Повторно ќе кажам, не се споредува, сосема е различен начинот на живот, луѓето, во принцип се` е различно.

Од животот било каде секогаш го очекувам и се надевам на најдоброто, така и живеам и верувам дека се` што ми се случува е токму тоа и што ми треба и што го сакам во тој момент.

 

Јога во London Eye – приватна архива

 

Што те натера да тргнеш на патот кон себе-осознавање?

 

– Самата душа постојано ме потсетува дека во мене е се`, и дека само спознавањето е бескрајно, затоа што сме ние бескрајни. Уште од дете имам еден многу значаен момент на живот и смрт, каде што знаев дека морам да изберам да дишам за да постојам, и така дишењето како алатка за свесност е мој постојан придружник.

Но животот како живот не` води во некој благ заборав, со сета креативност што е во нас лесно е да се изгубиш и да се пронајдеш повторно и повторно во работите кои ги сакаш.

 

 

Што значи за тебе Љубов?

 

– За мене Љубовта е Сѐ, причината за која што живеам и најмоќната енергија во Универзумот.

 

 

Реики мајстор си од 2013 година, затоа што реши да го споделуваш со светот она што го откри во периодот на себе-откривање. Од твое лично искуство, колку се Македонците запознаени со Реики, со енергија, Љубов и сила на мислата?

 

– Да, РЕИКИ е една од моите омилени методи на споделување на безусловна љубов, енергија која лекува се` и која победува се`, го победува и егото и смртта.

На мое огромно задоволство многу луѓе во Македонија се запознаени и применуваат РЕИКИ за себе, но исто има и многу светлосни и енергетски работници кои нудат терапии со РЕИКИ и други методи, кои се исто така одлични. Секој треба да се пронајде со тоа што е најпогодно за нивното лично бидување овде. Ако навистина сакаме и ако отпуштиме доволно, ќе знаеме.

 

Battersea Park Лондон – приватна архива

 

Јас како РЕИКИ МАЈСТОР сум само патоказ на патот, некој ќе помине и ќе го забележи знакот, а некој ќе продолжи по својот пат и ќе види други знаци, се` е тоа во ред.

 

Без што не можеш секој ден, и кое ти е омилено место во Лондон во кое „се криеш“ од светот?

 

– Без смеење, споделување на убава енергија и природа. Иако живеам во центар на Лондон, секој ден сум во парк. Возам точак, медитирам секојдневно, и работам со клиенти од цел свет. Се радувам што со РЕИКИ можам да работам на далечина, па така да фактот што сме сега малку ограничени со патување не ме спречува да допринесам, да помогнам и да допрам до некого на кого му е потребна безусловна љубов.

 

Насмевката е првиот знак на љубов – Тања Станковска

 

Ти Благодарам што овозможи оваа моја порака напишана во еден неверојатно топол ден во Лондон да прелета до Австралија, и преку Везилка да стигне до многу Македонци ширум светот. Останете во ЉУБОВ, затоа што ЉУБОВ СМЕ!

Како нашиот Тоше Проески сто вели ВЕ САКАМ СИТЕ!

 

Со една реченица – што е Човекот?

 

– Човекот е Универзум.

 

Durdle door, Jurassic coast, England – приватна архива
Везилка Магазин