Македонска кујна

Зебра колач

Рецепт на „Што со брашното“ тимот

Views
Везилка Магазин

Колачите се илузија. Брашно, јајца, вода, шеќер, чоколада, сè заедно се меша и создава чудо.

Илузија е дека колачите зависат само од состојките.
Сè што има врска со колачите, ништо не е онака како што изгледа. Еве, на пример, зебра колач.

Што е зебра? Зебра е животно од афричките савани. Црно бел коњ, ако смеам да кажам. Немам некое посебно мислење за тоа животно. Ни добро, ни лошо. Едноставно зебрите си живеат свој живот, далеку од нас.
Што е зебра колач?
Тоа е магија.

За зебра колачот можам да ти раскажувам цел ден. Како, вкусот на карамелата во некој идеален универзум, се спојува со топката сладолед од ванила. Како воздушестото тесто најдобро да се пресече.

Тука има и чоколада и лешници и ореви. А сега со маченичкиот афрички копитар, делат иста шара, која, пази сега, доаѓа до израз само кога колачот ќе се пресече. Па кој е тука луд?

Зебра колачот е илузија. Некој би рекол, магионичарски трик, со кој останува празна чинија на масата.

Па дури и ако не веруваш во магијата, во зебра колачот во чинијата секако ќе поверуваш.

Состојки:

 

2 јајца

1 шолја шеќер

Ванила екстракт 2 лажички

1 ½ шолја сенаменско брашно

1 ½ лажичка прашок за пециво

½ шолја кисела вода

½ шолја зејтин

Какао 2 лажици

Ореви 300гр

Карамел

Слатко од смокви 1

Нане 1 китка

Путер 1

Подготовка:

  1. Со миксер ги матиш јајцата и шеќерот. Додаваш ванила.
  2. Го додаваш брашното и пецивото просеани преку сеалка. За да излезе најубавото.
  3. Додаваш кисела вода наизменично со брашното.
  4. Малку од зејтинот.
  5. Го раствораш какаото со вода да се добие конзистентна смеса.
  6. Смесата се дели во два сада. Во едниот сад е оригиналната, а другиот го полниш со какао смесата.
  7. Калапот во кој ќе печеш се обложува со хартија за печење.
  8. Сипуваш наизменично од двете смеси за да направаиш зебра изглед.
  9. Печеш на 175 степени околу 35 минути, без вентилатор.

Додека се пече ги подготвуваш бадемите и оревите.

  1. Оревите ги сецкаш, а потоа и смоквите.
  2. Се воздружуваш да не ги изгрицкаш пред да биде готов колачот.

Сервираш и размислуваш дали е себично да го чуваш само за себе или е во ред да го поделиш.

Везилка Магазин

Напишете коментар