ЛичноСексологија

Зоја Везилка: Бран на олеснување

Везилка Магазин

 

Некогашниот утрински џогинг Глорија го замени со прошетки по кејот. Секое утро без исклучок го возеше деветмесечниот Матеј во количката, љубоморно гледајќи во атлетските тела со коишто се разминуваше. Не можеше да не мисли на своето уморно тело. Стрии, лузна од царски рез, вишок килограми… Кога ќе дојде моментот кога ќе успее да се врати на тежината пред бременоста? Како успеа сѐ да се трансформира до тој степен? Телото, психата, врските, амбициите…

И ова утро не го пропушти. Голо торзо и кратки шорцеви, со совршено контролирано темпо на дишење, го гледаше како ѝ се приближува од далеку и веднаш си ги спушти врз очи очилата за сонце за да не ја примети. Секое утро забележуваше нов детаљ од неговата тетоважа распослана врз целото десно рамо и граден кош. Тој што ја направил бил вистински уметник. Најмногу ја импресионираа прецизно насликаните детали на животните. Кога се разминаа таа не пропушти да го испрати со долг поглед. По кој знае кој пат воздивна по сите испакнати мали мускулчиња од неговиот грб и тетоважата која завршуваше во вртлог со центар во средината на ‘рбетот. Но овојпат и тој за момент се заврти, како да сакаше да ѝ даде до знаење дека знае за љубопитните зелени очи под темните стакла на очилата.
Глорија се зарумени во образите, но странецот веќе беше далеку.

Продолжи по својата патека размислувајќи за слободата која доброволно си ја жртвува. Како воопшто се убедила себе си дека да се биде самохрана мајка е едноставно? Зошто некој не ја спречил на време? Зошто никој не ја предупреди дека освен телото, ќе треба да го жртвува и целото свое време и енергија, пријателите, состаноци со мажи и, најважно од сѐ, самодовербата? Порано, кога ќе видеше ваков згоден маж, секогаш фантазираше за тоа што би можело да се случи меѓу нив двајцата.

Таа никогаш немала тело на јога инструкторка, ама веруваше дека имаше што да понуди во сексот и не се плашеше од контакт со привлечни мажи. Сега се срамеше и од помислата дека некој би можел да ѝ се додворува.
„Не постои македонски маж што ќе сака да ме види мене зад товарот дете. Нема таков што лузната од царкиот рез ќе ја прифати, знаејќи дека не сум му родила нему. Ова е земја на патријархат, сине. Во оваа држава дури и жените имаат помашки менталитет од мажите.“ Си разговараше на глас со Матеј, кој неодоливо ѝ се смешкаше со тие четири предни запчиња, како да сакаше да ѝ предочи дека тој не беше виновен за нејзините избори. Тој само неизмерно умееше да ја сака.

И следното утро се разминаа на истото место. Овој пат странецот му мавна со раката на нејзиниот Матеј и си продолжи.
Ново утро. Глорија задишано се движеше со количката по кејот и се прекоруваше за тоа што задоцни. Работите се мрднаа од мртва точка, а таа задоцни. Знаеше дека го пропушти и не можеше да го скрие разочарувањето. Но, го немаше ни следното утро, иако таа беше на време. Не можеше да си објасни зошто беше толку разочарана поради неговото исчезнување. Поминуваа десетици згодни мажи, имаа и различни тетоважи, мускули колку сакаш, а сепак, таа ги бараше жирафите со испреплетени вратови, фламингата со зелени пердуви и ирвасот, чиј рог правеше совршен вртлог врз грб на нејзиниот предмет на сексуална фантазија..

***
„Виски во пет попладне?“ Чу непознат пријатен глас. Небаре фатена во стапица, стоеше немо и не рече ништо. Тој!
„Изненаден сум што те сретнав тука. Смеам?“
Му даде потврден одговор со главата, по кој странецот седна на празното високо столче до неа на шанкот.  Таа сѐ уште не можеше да каже ништо. Од каде сега тој тука?
„Сигурно не пречам? Очекуваше некого?“
„Не, никого. Конечно останав сама.“
„Се извинувам. Не сакав да ти го одземам времето …“
Странецот потстана со намера да замине, но таа го зграби за рака и грубо го задржа.
„Мислев сама, без бебе, без плач, пелени…без….остани!“
Странецот ги покажа своите убави заби и гласно се изнасмеа.
„Затоа виски? Разбирам.“
„Прв пат пијам по скоро дваесет месеци. Прв пат син ми е со дадилка до 9 вечерва. Прв пат бев на работа по породилното отсуство. Прв пат ….зборувам со згоден маж… тоа веќе е прв пат по…не помнам од кога …има години.“
„И сопругот работи?“
„Чиј сопруг?“
„О, се извинувам. Неумесно од моја страна.“
„Без гајле. Навикната сум. Самохрана мајка, тоа е потабу тема и од ЛГБТ и од бурка. Неважно. Тој сакаше да абортирам, јас не знаев што сакам, ама не сакав тоа..и еве ме…на 36 години ненаспана…уморна…искомплексирана и … среќна веројатно.“
Му се насмевна кокетирајќи.


„Знаев дека си среќна. Уживав во твојата среќа секое утро додека не се повредив.“
„А значи затоа те снема со месеци?“
„Ми недостасувавте ти и…“
„Матеј.“
„Матеј, убаво име. А мајка му?“
„Глорија.“
„Не би можело да биде поинаку. Мило ми е. Јас сум Милан.“
„Од каде ти тука, Милан?“
„Имав средба со еден клиент и кога се разделивме те видов на шанк и морав да ти речам здраво.“
„Клиент?“
„Меѓу другото, изработувам тетоважи, разговаравме за неговата.“
„Твојата тетоважа е фантазија. Немој да ми кажеш дека ти си ја направил.“
„Ја нацртав јас, а колешката ми ја истетовира.“
„Импресивно. Можеби ќе ти станам клиент еден ден.“
„Ќе треба да ти земам мера.“
Глорија кисело се насмевна.
„Лоша шега. Извини.“
„Да одмориме од извинувања.  Живеам на петти кат во зградава. Одлучив да се напијам тука блиску, за на сигурно. Ако сакаш да ми земеш мера додека сум поднапиена да се качиме. Доколку беше само шега, сметај го предлогов како неумесен предлог на пијана жена.“
Милан порача по едно виски без да побара дозвола од неа. Ги испија на двапати и заминаа.

Кога се затвори вратата од лифтот Милан ја стисна до себе, и додека со едната рака ја држеше за глава и ја бакнуваше, со другата ја стискаше за задникот. Му го почувствува брегчето врз стомакот и се возбуди од помислата дека за прв пат дозволува да ѝ се случи нешто вака спонтано и непромислено. Но, знаеше дека во нејзиниот живот работите веќе не можеше да се планираат. Тик, так. Или ќе ги зграби можностите или ќе ги сонува. А и тоа е под знак прашалник, ако има луксуз да поспие. Имаше три часа за себе. Не сакаше да ги троши на морализирање, следниот ден ќе има и за тоа време. Ќе си се прекорува ако треба. Сега ѝ требаше некој што ќе ѝ ја изгаснеше жарта во препоните.
Ни вратата не беше заклучена, а облеката веќе им беше на земја. Во еден момент помисли да одат во спалната соба, но почувствува дека можеби беше прерано за тоа.


Милан се однесуваше како да ѝ ги читаше мислите.
„Да останеме тука!“
„Тука? Јас заборавив за детската градинка. Сигурно ти ја убив желбата.“ Глорија не знаеше што да направи со нагонот помеѓу нозете, паниката дека сѐ беше уништено и неочекуваниот очај поради желбата Милан да не замине.
Тој се разврте наоколу. „Јас би ти предложил да го искористиме мекиот под на син ти.“

Глорија со неверување покажа на гумените шарени панели со бројки и животни. Се наведна да ги растурка плишаните мечиња заборавајќи дека беше гола.
Додека беше на колена Милан ја зграби од назад и ѝ шепна на уво.
„Тука и вака“.
Глорија не рече ништо, одлучи да не коментира ништо ниту за брзината со која странецот ја стави заштитата врз жедниот пенис. Остана напупена и додека се мислеше за тоа како изгледа во оваа поза, Милан со двете раце ѝ помина по грбот и ја стисна за половината. Првиот пат продираше долго и внимателно. Глорија беше уплашена од тоа што може да му понуди. Иако не беше променета таму долу, ова беше како заборавено возење велосипед ….не беше сигурна дека ќе можеше да го одржи балансот одново. Но, Милан веќе ја возеше полетно, ја „тетовираше“ длабоко и решително. Таа се плашеше од неговите раце врз брадавиците. До пред еден месец беа на Матеј. Не беше сигурна дека сакаше да ги нуди на друг.

Милан беше нежен љубовник на кој страста му доаѓаше како нешто најприродно. Не дозволуваше таа да се почувствува непријатно. Од време на време ја прашуваше дали ѝ се допаѓа тој интимен контакт на што таа стенкаше со задоволство и бараше уште. Знаејќи дека оваа поза може да го забрза доаѓањето до крајот, Милан го извади и застана. Глорија се почувствува несигурно, помисли дека му се здосадила.
„Што сакаш да ти правам?“ го праша со глас кој откриваше слабост.
„Кафе, ама подоцна.“
Ја подигна на нозе и ја опсипа со влажни бакнежи почнувајќи од усните, преку вратот и кога стигна до градите, ги помилува со палците и небаре претчувствувајќи ѝ го стравот само се слизна надолу. Лузната под стомакот ја погали инстантно и со палецот се задржа во кањонот неколку прсти подолу. Паралелно ја работеше и со нежните отисоци и со јазик додека таа се потпираше врз оградата од бебешкиот парк. Глорија сврши врз неговиот вешт јазик, разгалувана од неговите нежни дланки по задницата.
Тогаш тој ја навали накај себе и ја седна врз себе. Повторно ја почувствува натпросечната дебелина на набрекнатиот пенис, што ѝ го продолжи оргазмичното задоволство. Ја лизгаше врз себе за најпосле и тој да ја доживее својата глорија. Легнати врз бебешкиот гумен теписон дишеа гласно.


„Не мислев дека повторно ќе можам да ти го слушнам дишењето. Најмалку дека јас ќе ти го забрзам. Откако те снема на кеј како да ми недостигаше нешто во рутината на денот.“
„Задоволство е да се биде уморен поради тебе, Глорија.“
„Фала ти што ја врати жената во мене за момент. “
„Ти вратив оргазам. Жената никаде не заминала”. Ја бакна долго и убедливо.
„Сега кога ти зедов мера, каде сакаш да те тетовирам?“
„Можеби врз лузната под стомакот?“
„А јас пак мислам дека тоа е тетоважа која нити еден цртеж не би можел да ја победи.“
„Не мислиш дека е одвратна?“
„Не оди тој збор во иста реченица со тебе. Ти си жена рај. Прекрасно си градена и знам дека ќе ти треба време да се вратиш во форма, ама лузната може само да те разубави, никако да те огрди.
Може да тетовираме врат, рамена, па дури и гради, ама размисли дали сакаш да го прикриваш изворот на новиот живот.“
„Сум видела навистина убави тетоважи.“ Инсистираше таа.
„Знам. Твоја е одлуката. Јас само го кажав моето мислење. Не мора да се сложиш.“ Се повлече Милан.
„Имаш женски сензибилитет.“
„Веројатно. Мајка ми беше самохрана мајка. Немаше лузна од царски рез. Пораѓајот велеше дека ѝ бил лесен. Ама имаше лузни од животот. Ја изгубив денот кога престанав да трчам. Ми јавија да ми кажат дека доживеала мозочен удар. Бев во трчање и си го исчашив глуждот.“
„Жал ми е.“
„Фала ти. И тебе те изгубив тој ден. Мило ми е што за нас имаше поправен.“
„Тогаш знаеш колку се комплицирани врските со самохрани мајки.“ Се сепна, но продолжи. “Извини, не сакав да кажам врска, не сакам да те плашам…”
Тој ја прекина со долг бакнеж. Не кажа ништо.

Откако си замина странецот, Глорија се гледаше долго време во огледало, гола. Нејзиното тело – нејзин херој. Даваше толку многу. Дари живот. Даруваше задоволство. Ѝ се виде расцветано, убаво. Во тој миг одлучи дека не сакаше да го украсува повеќе. На наткасната до огледалото стоеше неговиот број. Немаше да му ѕвони. Се плашеше дека секаква надеж за врска може да ја повреди.  Дали тие убави зборови беа фора или вистина? Дали беше само негова “Мајка која сакаше да ја ебе”, гали, разгалува, или можеби можеше и да ја сака?
Имаше илјадници прашања. Не знаеше дали би го нашла на кејот повторно, а веќе не можеше ниту да провери. Не можеше да ги прави утринските прошетки поради работата. Го истутка ливчето. Нема да го бара. Но не го фрли. Остана на наткасната.
По една недела повторно го здогледа ливчето и се помисли. На крај го отвори и го прочита неговиот телефонски број.
Па што ако ова не води кон ништо? Нејзиното тело заслужува да биде разгалувано! Нека ја гали од време на време.
Заѕвони.
„Телефонскиот број не постои.“ Воздивна кога ја слушна пораката од другата страна на линијата. Ја обзеде неочекуван бран на олеснување.

 

Зоја Везилка

(авторот е познат на редакцијата)

Везилка Магазин

Напишете коментар