ЛичноСексологија

Зоја Везилка: Враќање на жарот

Везилка Магазин

 

Во центарот на Ферара, во станот на покојниот писател, живееја неговата внука од ќерка, Франческа, и нејзиниот дечко Климент. Веќе пет години, трособниот стан со поглед на замокот Есте им беше љубовно гнездо и дом.

Франческа, од дедо си ја имаше наследено и маалската книжарница, каде со љубов ѝ наоѓаше примена на дипломата по книжевност. Ги негуваше книгите како реликвии, а со зборовите умееше толку добро што можеше да ти продаде дури и нешто што никогаш го немаше прочитано.
Климент, од својот дедо имаше наследено кајче во Охрид.  Тој не му се восхитуваше никогаш на дедо си така како што Франческа со жар го величаше својот, но ги сакаше водата и пловењето. Одамна веќе знаеше дека дипломата по економија нема да му биде од корист и почна да работи во градежна фирма. Осозна колку физичката работа го релаксира и одлучи дека тоа ќе му остане професија за цел живот.

Сакаше да гради, да гледа како неговите раце навистина произведуваат, а својата страст за пишаниот збор ја наоѓаше во научно фантастичните романи. Франческа немаше многу почит за тој жанр, па ја искористуваше неговата пасија за да дознае нешто повеќе и за тој литературен свет, што ѝ помагаше во продажбата. Франческа ги обожуваше неговите работнички алишта. Не ѝ пречеше да гледа како се сушат врз слушалката. Ја потсетуваа на машкоста и на суштината на неговата работа.

Веќе пет години, пред да им почне работниот ден, како две гулапчиња појадуваа кафе и бриош во барот до книжарницата. Се прибираа дома околу шест попладне, гледаа серии вечерајќи пица или паста, па читаа во кревет и си легнуваа пред полноќ. За викенд имаа друга рутина. Излегуваа на купување или прошетка до ручек, ручаа дома и, откако кратко ќе си дремнеа, водеа љубов. Дури вечерта вечераа во ресторан, задоволени и среќни.

Во спалната соба тој почнуваше да ја бакнува по челото, по што таа ќе се припиеше до него како маче спремно за галење. Се гушкаа така десетина минути додека да одлучеа дека е време. Тогаш секој сам ќе си ја соблечеше облеката, па повторно се припиваа еден во друг за да се стоплат. Франческа редовно го потсетуваше Климент за чорапите – „фори Аморе, фори“. Штом ќе ги истуркаше и чорапите надвор и ќе останеа голи, тој ѝ ја провираше раката помеѓу нозете, а таа му го галеше фитилот сѐ додека да се запалеа и двајцата. Се бакнуваа нежно и бавно до надразнување, по што играта стануваше пожестока. Веќе и бакнувањето стануваше повлажно, а жариштата испуштаа ливанта кои им ги разигруваа хормоните.

Франческа секогаш имаше врз себе нежен парфем од позната италијанска марка, тоа му се допаѓаше на Климент, иако не им ги помнеше имињата. Тој мирисаше на шампон од коприва, кој си го набавуваше од Македонија. Франческа беше луда по неговиот природен мирис. Честопати му се лепеше со лицето врз кожата, го мирисаше. „Клименте, отрове!“ ќе извикаше. Штом Франческа достигнуваше оргазам одмараа неколку минути. Тој ја бакнуваше и ѝ го галеше нежното газе,  а таа продолжуваше со стимулација на неговиот пенис за да не згасне играта.
Тогаш ќе го клоцнеше ќебето и ќе му се отвореше жедно и бесрамно како што цветните пупки му се отвараат на сонцето наутро. Тој ќе продреше мазно и лесно, ќе си фатеше свој ритам. Дишењето обично му беше тивко, но срцето ѝ покажуваше кога ќе дојдеше време за излив.

Понекогаш наместо мисионерската, таа ќе му го свртеше задникот и ќе се вгнездеше во неговиот скут. При таквата странична пенетрација, кога двајцата легнати врз креветот без мака се преливаа еден во друг, небаре сврзани садови, практичното им беше и тоа што подигнувајќи ѝ ја едната нога горе, со прстите можеше нежно да ѝ го стимулира клиторисот. Таа уживаше во неговиот оргазам затоа што тогаш ѝ зборуваше на италијански. „Аморе мио. Ти амо. Ти вољо бене. Аморе мио.“ За вљубената Италијанка ова звучеше како шансона.

Овојпат Климент сврши без да зборува. Тивко се припи во неа по оргазмот, ја прегрна и потона во дремка.  ‘Рчеше гласно. Се разбуди по половина час.
„Знаеш, се мислам…“, рече таа.

„Зошто после оргазам мислиш Аморе? Не можеш да се опуштиш?“

„Опуштена сум, но се прашувам што се случи со нас?“ Со носталгија започна Франческа.
„Како тоа аморе…се случи…што се случи? Не разбирам ништо.“
„Додека ‘рчеше сега размислував за нашава рутина. Ова нашево си функционира одлично. Ти си физички уморен преку неделата, а јас сакам да читам навечер. Тоа е разбирливо. Ти мастурбираш кога си под туш…најмалку еднаш неделно, а јас кога имаш долга смена на работа…не повеќе од два пати месечно. И тоа е непишан договор што е фер кон двајцата. Нели? Но, се прашувам дали тоа што секој е задоволен со ова какво што е….“
„Дали е нормално?“
Ecco, Да.“
„Не знам. Но, нормалното може да е и многу полошо. Има парови кои немаат секс ниту во викенд.“
„Знам Климент. Но, дури и тоа што ‘рчиш не ме нервира.“
„А зошто би сакала да те нервира?”
„Не знам. Дали можеби сме дигнале раце од нас?“
„Но, и самата кажа дека сексуалниот ритам нѝ е солиден.“
„Хм, ритам. Можеби тоа е зборот од којшто се плашам.“
„Зошто? Денес си во филозофско расположение, аморе“, забележа тој.

„Понекогаш ми доаѓа на ум нашиот прв секс и не можам да го избијам од ум фактот дека сме си станале здодевни. Тоа ужасно ме фрустрира. Не сакам да се претвориме во тие досадни парови…а сепак…“
„Можеш да живееш со тоа!?“ Ѝ ја заврши реченицата Климент.
Черто! Вистина, аморе. Свесна сум дека не можам да ја вратам таа енергија и жар од почетокот. Но, не сакам да се обидувам да глумам како да сме на почеток на врска. Тоа би ми одзело премногу енергија и ми делува усилено.“
„Сакаш да промениме нешто?“ Ја праша тој.
„Не. Во тоа веројатно е проблемот.“
„Сакаш да се чувствуваш како кога те возев со кајчето на сред езеро и кога под ведро небо на сред ден ти ја вкусив таа твоја слатка јагода?“
„Мило ми е што овој пат не ја нарече крофна“, издиша, смеејќи се, Франческа.
„Ммм, море каква вкусна крофна е тоа. Единствената мотивација за да запловам во длабокото.“
“Ха, ха. Кај лошо пловиш, па уште и ме натера да си платам за возењето. Охридско гостопримство“, продолжи да го задева девојката.
„Тоа го направив за да избегнам прашања од другите рибари на излегување. Која ти е оваа? Што правевте? Ова, она….Туку, сакаш да одиме во Охрид и да те возам пак?“
„Климе, знаеш колку го сакам Охрид, но не мислам дека бегство до Македонија е решението.“
„А кој беше проблемот, аморе?“
„Климент! Кацо! Се обидувам да ти кажам нешто, се плашам дека преминуваме во категоријата здодевни парови, а ти се шегуваш.“

„Сакаш повторно да станеме спонтани, безгрижни, напалени нон-стоп… како на првиот секс во кајчето?“
„Тоа во кајчето го сметам за наш прв состанок ама… кога си ги барам пеперутките повеќе мислам на сексот во мојата хотелска соба во Охрид, кога дојде да ме земеш за на вечера, а не вечеравме..“

Тогаш двајцата, конечно, си ги одлепија голите тела и се загледаа во лустерот.
„Ти носеше жолто фустанче и кога ја отвори вратата ти беа набрекнати градите од клима уредот. Моите вкусни цреши.“ Ја допре за брадавицата без да се помести од местото.
„Не носев градник. Ах, младост!“
„Фустанот ти се откопчуваше на средината…илјада копчиња. Едвај ги дооткопчав сите”.
„И кога почна да ми ги бакнуваш градите јас сѐ уште стоев на нозе, а ти беше седнат на креветот… Знаевме дека не одиме никаде таа вечер.“
„Ти и твоите високо елегантни потпетици. Одлични за почеток на предигра ама немаше никаде да те однесат по тоа езерските камчиња.“
„Да. Се сеќавам дека ти се допаднаа и веднаш ме раслече.“
„Тоа ме возбудува. Денес, секој сам си ја бркаа таа работа, небаре на работа сме тргнале.“

„Еве ги.“

„Што?“

„Пеперутките. Доволно ми е само да помислам како те турнав на креветот,и додека ти очекуваше дека ќе седнам врз твојот пенис, јас седнав врз тоа твое бебешко лице.“ Франческа го смени тонот со кој зборуваше и делуваше запалено.
„Аморе, таа вечера беше повкусна од пржените рипчиња и пиво што ги имавме планирано за вечера.“
„Хм, бела пена. Па и од тоа имаше де.“
„Бесрамничка. Каква шеесет и деветка. Ти беше најубавата нимфоманка таа вечер.“
„Свршивме заедно.“
„И тоа многу брзо.“

Во истиот миг без збор Франческа му го зграби здрвениот орган, а тој си ги лижна прстите и ѝ ги мушна помеѓу нозе. Си продолжија со разговорот како ништо да не било.
„Не можам да заборавам како ми трепереше во уста“, продолжи да зборува Климент, кружејќи ѝ со два прсти околу вагиналното папуче.
„Од каде научи да ме стимулираш така добро таму…?“ Таа продолжи да ја лизга цврсто својата рака по долгиот орган на Климент.
„Треба почесто да ти го правам тоа аморе.“
„Се сеќавам на тоа како ме качи врз себе завртена со грбот кон тебе. Ти седеше на работ на креветот. Ти го почувствував до корен.“
„Ти не знаеш колку си убава за ебење од назад, аморе.“
„Ти се допаѓа мојот задник?“
„Знаеш дека обожавам сѐ твое, посебно ‘рбетот.“
„’Рбетот? Тоа те запали?“
„Ооо, да! Се свива надолу со таква елеганција. Завршува како река во клисура до твоево газе од милион долари. И кога ќе те подотворам одзади не можам да се воздржам. Мислам дека е најубавиот видик што животот ми го подарил.“
„Ах, Климент. Стисни малку.“

Тој притисна посилно и ги забрза кружењата по изворот на најмоќното земско задоволство на неговата љубена.
Франческа го почувствува првото влажно подмачкување врз својата дланка и го искористи за да го засили стимулирањето на Климентовиот тврд фалус. Тогаш тој ја заврти со задникот кон него, ја рашири со рацете и со уживање гледаше како ја пробива во завршетокот на неговата омилена клисура. Успеа да го пролонгира финишот додека не почувствува како саканата му се затресе под неговиот стисок.

Во центарот на Ферара, во станот на покојниот писател, неговата внука од ќерка, Франческа, и нејзиниот дечко, Климент, симултано оргазмично извикаа.
„Аморееее!“

Зоја Везилка

Авторот е познат на редакцијата

Везилка Магазин