Отсутно гледаше во нејзините долги прсти, низ кои елегантно, еден по еден, поминуваа десетици листови хартија. Наведен врз нив, нејзиниот самовилски лик, нежност нагласена со шминка од нијанси на беж, и балеринското кокче ѝ го нагласуваа деликатниот врат и грациозното деколте. Зрачеше со сексапил без да предизвика животински страсти. Додека таа зборуваше во правни термини тој мислеше на друго. Ваква жена човек би платил за да ја гледа молкум. За ваква божица се почнува војна. Но, не и јас. Јас доброволно ја испуштив. Идиот. Ѝ реков … се гледаме утре. Се прекоруваше немо.
„Во ред е сѐ. Се гледаме утре.“ Небаре читајќи му ги мислите, ги повтори неговите неми зборови и го стресе од мислите. Таа ги стокми стотиците листови во еден сноп и стана од столицата несвесна дека и едно најобично нејзино станување од столица за него беше стрела во срцето.
„Фала Тина. Што би правел без тебе?“ И тој се исправи од другата страна на огромното овално биро и се упати накај неа. Ги прифати подадените документи и се продолжи накај вратата покрај божицата во „мал црн фустан“ и тиркизни високи потпетици.
„Тина…“ со тивок тон ја запре пред да ја отвори вратата.
„Министре?“
„Да се појавам вечер на интервјуто?“
„Зарем тоа е уште прашање? Ветивте, нели?“
„Веќе не сум сигурен.“
„На три дена пред изборен молк? Како ќе изгледа тоа?“
„Знаеш каква е таа….сака да гази по лешови. Ќе чепка во мојот брак.“
„Ќе праша за аферата, да. Новинарка.“
„Аферата не е проблемот.“
„А, не? Тогаш зошто Ви е потребно моето мислење?“
„ Зарем има поважно мислење од тоа на мојот шеф на кабинет?“
Тина се смршти.
„Не ми се јавивте да ме прашате пред да спиете со старлетата, министре. Не правете го сега ова моја работа.“
Го кажа ова достоинствено и со нејзиниот препознатлив симпатичен цинизам, а во себе чувствуваше како некој да ја притиснал за грло и не ѝ даваше да дише. Откако ги виде фотографиите секоја средба со него ја болеше како предавство кон неа лично. Си го знаеше местото во неговиот живот, но не можеше да си објасни зошто се чувствуваше издадено.
„Тина, старлета или како и да се викаат тие професии, не се проблемот. Фотографиите покажуваат само бакнеж. Не спиев со неа. Но…”
„Не спиевте со неа. Само имавте сексуален однос.“
„Не, Тина! Ти се колнам.“
„Тоа е нешто што не барам од никого. Не колнете се министре. Не ми одговарате мене. Но, ако е вистина, тогаш излезете на интервју.“ Звучеше технички, небаре не ја интересираше неговата интима. Умешно ја скри радоста која ја почувствува во себе кога слушна дека не спиел со девојката.
„Се разведувам.“
Застана изненадена.
„Аман од вас демохристијаниве!“
„Тина, ти се обраќам како на пријателка. Те молам слушај ме. Не ти се обраќа министерот.“
„Слушам Роберт. Ајде остави настрана старлетата, ми зборуваш за развод пред избори. Лошо за кампањата, ама ете сте решиле. Ваше си е тоа. Но… зошто токму сега?“
„Некогаш мораше.“
„Не можеше да почека?“
„Да почека до кога? Почека до раѓањето на Сара, до смртта на татко ѝ, до првата кампања, еве нека почека и сега …но тоа не е ..“
„Кој почнува парница?“
„Ммм, ј..јас?“
„Ме прашуваш мене?“
„Не, јас! Јас почнувам.“
„Сигурен си?“ прашално заклучи Тина.
„Сигурен.“ Ја погледна во очи.
Убаво ѝ дојде оваа изјава.
„Како шеф на кабинет и најблиска за односи со јавност велам дека ова е пукање во колено. Да, ќе ти чепкаат по семејството на интервјуто. Но, како пријателка, мислам дека се радувам за тебе. Донекаде! Никогаш не изгледаше среќен во тој брак. Барем однадвор.“ Почувствува потреба да се дообјасни.
Роберт ја прегрна силно и откако сети дека ја стискаше прецврсто ја пушти и ѝ ја отвори вратата од канцеларијата. Тина си влезе во својата канцеларија и не излезе до крај на работното време. Ја виде од прозор кога си одеше дома. Секогаш беше на истиот прозорец кога ќе слушнеше како се отвара нејзината врата отспротива. Чекаше да се појават тие извајани спортски нозе во припиени хеланки, виндјакна и патики за трчање во дречливи бои. Понекогаш се обложуваше сам со себе за тоа која боја на патики ќе ги носеше тој ден. Омилени му беа жолтите.
Но, често забораваше на дилемата кога ќе го видеше нејзиниот задник врз седиштето на велосипедот. Ова богатство го тераше да ја издржи цела смена кога немаше состаноци на терен. Еднаш се заклучи во канцеларија и си поигра со ерекнатиот другар, гледајќи ја. Потоа му беше срам да ја погледне во очи една недела. Не му беше јасно како успеваше да сработи било што во тие канцеларии покрај неа. Како можеше да биде толку глупав и да ѝ дозволи да си замине онаа ноќ во Хамбург? Тина слезе од велосипедот и зачудено застана пред влезната врата.
„Роберт? Кога успеа да стигнеш?“
„Автомобилите возат побрзо од велосипедите.“
„И загадуваат повеќе, министре.“
„Сакав да го довршиме разговорот од канцеларија.“
„Не го довршивме?“
„Ни одблиску.“
„Слободно качи се, но ќе мораш да почекаш да се истуширам.“
Ѝ помогна со велосипедот по влезните скали, но молчеа во лифтот како прв пат да остануваа на само. Електрицитетот пецкаше нечујно, но колегите храбро го игнорираа. Откако влегоа во станот министерот се разврти наоколу и без прашање си се прошета по собите.
„Прв пат влегувам во твојов стан. Прекрасно си го уредила, а имаш и убав пејсаж од прозор. Не знаев дека една службеничка може да си дозволи ваков луксуз.“
„Веројатно сакаше да кажеш стил. Но и да не сум во право…и навистина да мислиш на луксуз, зарем не сум јас сама жена со редовна плата? Работела за убави пари како консултант повеќе години. Можам да си го дозволам животот. Не возам автомобил, не пушам, дури, ако ми веруваш, целата канцелариска облека ја купувам од секонд-хенд продавници. Останува некој денар за негување на домот. Не знам зошто никогаш не сум ве поканила на гости. Веројатно….“
„Ива не би дошла. Не е твој голем обожавател.“
„Испотена сум. Раскомоти се и веднаш ќе излезам од туширање. Да не седам вака.“
Тргна накај бањата мрморејќи тивко, како да сакаше да биде слушната, „таа мене не ме обожавала“.
„Се разведувам за тебе.“ Ѝ свика силно.
Тина застана и не се осмели за збор.
„Наместо да те натерам да останеш, јас се преправав дека не ми беше важна. Сакав да покажам дека не сум страден за женско друштво. Фраер бев, а Ива ми се фрли вечерта. Тебе ти реков дека ќе се видиме следниот ден и ти си замина. Остана таа. И …“
„Зошто ме мачиш со спомени од пред десет години? Тоа е нашето студентско минато во странство. Денес имаме поважни проблеми. Твојата кампања. Мислев дека оваа тема остана затворена кога прифатив професионално да те гледам секој ден. Четири години одлично функциониравме како тим.“
Роберт ѝ се приближи и ја преграби околу половината.
„Не разбираш Тина. Јас, јас .. навистина не знам што без тебе. Тоа не е фраза. Јас страдам по тебе. Навистина не приметуваш?“
Ја бакна без да побара согласност. Таа имаше расчистено со себе дека тоа би можело некогаш да се случи. Беше изненадена и несигурна, но бакнежот ѝ покажуваше таква преданост и немоќност од негова страна, што не можеше, а да не му возврати.
„Роберт, ова е погрешно од повеќе гледишта, а јас морам да се туширам. Почекај ме и излади, па да видиме дали има разум тука за да разговараме.“
Најпосле му се оттргна од рацете и влезе во бањата. Ги истурка на земја сите влажни парчиња облека од себе и влезе под туш. Ја затвори стаклената врата од туш кабината и остави водата да ѝ тече врз глава. Без да се помрдне вкочането стоеше и мислеше на бакнежот. Мислеше на вечерта кога таа замина мислејќи дека следното попладне ќе се видат за кафе, но кога му се јави идното утро тој беше во кревет со Ива. Повторно се смршти на помислата дека не ѝ била обожавателка жената што ѝ го украде.
„Глупача“ си рече гласно за себе.
Ја сепна отворената врата.
„Роберт!“
„Не дозволувај ми да ти дозволам да ми заминеш и сега. Не можам повеќе да те гледам од прозор. Доста ми е од дреч патики за трчање. Те сакам ваква, гола.“
Влезе под млазот млака вода целосно облечен и ја прегрна одзади. Му ги почувствува рацете врз голите гради, но наместо бурна реакција, послуша и му дозволи да ја гали по бедрата и колковите со цврстите машки раце. Се заврти кон него и бакнувајќи го, скоро насилно, му ја откопча кошулата. Набрзо неговите водени алишта беа истуркани надвор од кабината. Нивните накиснати кожи веќе немаа препрека. Жарта им се разгоруваше. Роберт зеде од течниот сапун во рацете и лизгаво започна да ја масира по целото тело. Со премолчена согласност се предадоа на моментот затоа што се плашеа од интервјуто идната вечер. Министерот беше вешт во предизвикувањето на нејзините ерогени зони. За кратко ѝ помина на ум старлетата, но ја избрка помислата пред да им уништи сѐ.
Додека водата им ги покриваше двете голи тела министерот, со лизгави допири, чиниш свири на харфа, ѝ ги милуваше пркнатите мали ареоли. Ја заврти повторно со грбот кон себе и таа почувствува како по задникот ѝ се трие нешто тврдо. Се возбуди на помислата дека министерот, популарниот убав слуга на народот, ја сапунеше како да ѝ беше слуга нејзе, само нејзе. Набрзо ќе ја распараше влажно, се потресе од помислата на неговиот пенис. Но, наместо да може да му ја измери дарбата во себе, таа ги почувствува неговите прсти помеѓу нозе на што самата инстинктивно му го напупи газето уште повеќе. Тој ѝ ги рашири нозете, ја запре водата, клекна на колена и ѝ го смести јазикот најдлабоко што можеше во празнината. Таа се потпре со дланките врз влажното стакло од туш кабината и издишувајќи тешко ги апсорбираше сите движења на вербалниот мускул на министерот. Ова беше прв пат после долго време неговиот јазик да се движи по сопствен ритам. Прв пат тој нејзе да ѝ го диригира дишењето, наместо таа нему, со нејзините напишани говори, протоколи и правила за јавен настап.
Но, министерот беше ненаситен, ги лижеше сите отвори кои природата му ги понуди и ѝ ги пиеше сите сокови кои ѝ ги исцедуваше. Тина веќе му се имаше предадено на шефот и не поставуваше препреки. Не ти е обожавателка, од време на време ќе си помислеше на овие негови зборови и со сѐ посилно его ќе се насмееше, сакајќи ја оваа слатка одмазда кон Ива. Кога неговиот мал прст се најде во зоната во која дотогаш никој не задрел, а усните ѝ го скокоткаа клиторичното копче, таа зајачи од убост. Тие тајни порти ѝ донесоа нови насладувања за кои не знаеше. Тој притискаше со деликатност, но со решителност, како да сакаше да ги покаже сите свои хет-трикови за да се осигура дека ќе биде негова. Кога ѝ ја пронајде М точката, министерот на колешката ѝ изнуди кратка експлозивна треска.
Оргазмот го најави толку гласно што љубовникот се почувствува како на бина каде аплаузот беше наменет за него. Овој пат навистина беше. Не стоеше таа зад неговиот настап, туку тоа беше колегата од Хамбург, кој не успеа да ѝ каже колку беше луд по неа цело време. Тоа беше министерот, кој ѝ се извинуваше за пропаднатиот брак и за заканата врз кампањата. Тоа беше маж луд по неа. Зачкрипеа нејзините дланки по влажното стакло. Девојката беше покорена.
Гледајќи ја исплашено, со усните сѐ уште вбризгани во нејзиниот пелвичен рај, го чекаше нејзиниот поглед. Кога им се сретнаа засрамените очи тој се искачи до нејзиното блажено лице. Таа помисли дека ќе ја бакне, но тој го пушти тушот со силен млаз и ја освежи од трансот. Се смееја под туш и се бакнуваа како тинејџери. Се галеа и гледаа како прв пат да се запознаваа. Потоа се сушеа еден со друг со меките крпи со нежност и заљубеност. Не сакаа да уништуваат ваков уникатен момент со дообјаснувања, извинувања и проектирање на иднината. За прв пат откако се запознаа во амфитеатарот за време на додипломските студии му се препуштија на моментот. Најпосле министерот ја употреби својата ѕверски голема снага за да ја дигне извајаната нимфа и ја однесе до креветот во спалната соба каде нежно ја спушти врз креветот и се искачи врз неа. Продре во неа срамежливо и несигурно иако знаеше дека тие пештери беа веќе лизгави за него.
Ги разбуди телефонот на министерот. Тој го одби повикот.
„Уште неколку минути и започнува интервјуто на другар ми.“
„Облеката ти е водена. Ти осигурај се дека жена ти нема да те бара со полиција вечерва и остани да го гледаме заедно. Не можеш да заминеш додека да се исуши. Раскомоти се. Се враќам со пиво.“ Му подаде мека бањарка за да не седи гол и замина.
Загледан во интервјуто и опиен од своите пцовки, министерот не забележа кога нимфата се врати во ултра-мини црно неглиже. Таа ги остави пивата врз масичката пред телевизорот наведнувајќи се со расчекорени нозе и голиот задник пред лицето на шефот. Распостилајќи му вака неодолив релјеф, затекнат, министерот ги зграби цврстите топчиња месо на девојката и со влажни бакнежи ја опсипа целата пештерка зона. Ја привлече кон себе и ја смести директно врз својот толчник.
Го гледаше непријателот во екранот како се гуши и поти на жешкото столче на вистината, наденувајќи глатко. Тина беше во нирвана од бодежот долу и допирите со кои колегата ѝ го разгалуваше секое аголче од телото. Му се ситеа на секој лош аргумент, а тоа само ја зголемуваше потенцијата на љубовникот. Решителноста и благата грубост на министерот ја разгоре уште повеќе. Со секое негово силно запечатување го повикуваше Бога, а беше заколнат атеист. Ејакулира во неа со крик на љубов и долго потоа ја држеше во скут.
Седната на истото место каде водеа љубов претходната вечер, со нетрпение го очекуваше неговото интервју. Министерот полека се отвораше и добиваше на самодоверба. И прашањата кои редовно ги упропастуваше ги одговори со самоувереност. Како да гледаше нов човек. Охрабрен, решителен и директен. Ако успееше да издржи уште неколку минути победуваше. Ајде Роберт, супер си.
„Дали е точно дека се разведувате министре?“ На крај стигна и тоа прашање.
Долга незгодна пауза.
„Министре, да ви го повторам прашањето? Дали се разведувате под иницијатива на сопругата поради аферата старлета?“
„Н.н.не. не се разведувам. Тоа се дезинформации. Негативна кампања на противниците. Јас ја сакам мојата сопруга и имам прекрасно семејство. Нема да дозволам некој наместен случај на фотографија да ми влијае врз животот и кариерата.“
Роберт гледаше во земја и повторно стана тој несигурниот од порано, на кој му треба шефицата на кабинет за да му ги натокми вистинските зборови.
„Дали сте вие на сликава?“
„Да, ви кажав дека таа мене …“
„Тогаш признавате дека спиевте со старлетата.“
„Не. Некој ја наместил оваа фотографија…“
„Министре, оваа фотографија е дел од видео на кое јасно се гледа како маж и жена водат љубов. Вие само што потврдивте дека сте тоа вие.“
По 23 пропуштени повици и 16 непрочитани смс пораки од министерот, Тина заспа. Претходно ја испи пилулата ден потоа.
Ден потоа. Министерот чукна неколку пати на нејзината врата, но немаше одговор. Пред крајот на работниот ден тој влезе во канцеларијата на својата шефица. Канцеларијата беше празна. На бирото на Тина немаше ниту пенкало. Се доближи во неверување и виде плик.
„За Министерот“
Со страв го извади листот од пликот и рацете му затреперија додека го отвораше.
„Неотповиклива оставка“. Очите му ги уловија прво овие зборови. Не продолжи со читање. Барајќи ја панично низ просторијата, под бирото забележа пар жолти патики.
Зоја Везилка
Авторот е познат на редакцијата