ЛичноСексологија

Зоја Везилка: Сајбер љубовници

Везилка Магазин

 

На концертот атмосферата се загреваше од минута во минута. Најголемите обожаватели се шуткаа пред бината и се стискаа напред. Цел клуб беше завртен накај музичарите и ги пееше хитовите во еден глас. Потпрено на еден од носачите во салата стоеше момче со пиво во раката, ја нишкаше главата во ритамот на музиката и ја набљудуваше публиката.
„Те нема на Тиндер, Филип“, некој му свика на уво.
„Ох, Роза Луксембург. Здраво. Какво изненадување. Н..не…не сум на Тиндер. Да речеме дека имав една незгодна средба со една црвенокоса и веќе не се осмелив.“

„Ти должам извинување.“

„Ми должиш, слушам.“

„Не знам зошто морав да се истурам на тебе…“
„Се шегувам Роза, не ми должиш ништо. Светот на жените е и онака доволно комплициран. Уште да се извинувате за туѓи лоши манири.“

„Не, навистина, ти само ми даде комплимент за брошот. Не морав да претпоставам дека си лажен феминист и да те обвинам дека во следната реченица ќе се понудиш да ми го подариш твоето цвеќе што расте во рака“.

„Ох, да, тоа беше добар момент. Ме замисли. Зарем навистина има такви сајбер додворувачи?

„Ох, тоа е блага верзија на сѐ што досега ми се понудило од тоа сајбер љубовниците.“

„Жалам што си добила траума од Тиндер, но храбра си. Јас се откажав по првиот обид.“
„Не ми се верува дека си ти тој од сликата.“
„Како ме нарече? Модел? Ха, ха, тој сум, ме фати. Обичен банкарски службеник, но да, мое е сѐ што виде на сликата.“
„Ќе ми простиш што бев арогантна кучка?“
„Немам што да ти простам. Всушност, кога те видов на маршот за 8 Март дури и ми олесна што не ми дозволи да се изглупирам.“
„А имаше намера?“
„Не воопшто, но некогаш тоа доаѓа природно кога најмалку го посакуваме.“ Го наведна погледот и да не беше темно ќе се забележеше како му се промени бојата на лицето. Роза помисли дека е неодолив со својата скромност и срамежливост.

„Кога го видов брошот со девојката со стиснати бицепс и тупаница врз тој твој неодолив врат… заборавив на сѐ што ми пиша. Знаев дека си ти, црвени долги локни, бујно деколте, усни јагоди. Имало и причина зошто си ги скрила овие магични очи на фотографијата.“

„Ми ласкаш.“

„Па не се само очите. Тие твои облини покрај црвениот велосипед со корпа полна цвеќиња, мислам, сѐ твое застрашува. Се прашав себе си зошто помислив дека може да се натпреварувам со другите тиндер-додворувачи? Во што сум подобар?“

„Не знам сѐ уште. Ноќта е млада.“

Филип подголтна и не рече ништо. Роза му се доближи опасно блиску и му рече:
„Би се изненадил од моето мислење за тебе“.

Разговорот им продолжи во флерт. Хемијата ѝ замати сметки на физиката. Времето како да запре.

„Всушност, смислив како да ти се извинам.“

„Повторно се враќаме на темата? Заборави.“

„Ако ја протнеш раката под моево фустанче може ќе се изненадиш околу тоа колку сакам да ми простиш“. Безобразниот поглед на црвенокосата го занеми. Милите очи немо и заљубено ја гледаа неколку секунди, но рацете го стискаа шишето со пиво. Веќе беа поблиски, но дали доволно блиски за ова?
„Ајде охрабри се!“

„Не сакам да бидам непристоен, и најмалку сакам да те навредам на било кој начин.“

„Никој не гледа во нас.“

„Сигурна си?“

„Не сме ние ѕвездите на вечерта.“

„Фала Богу.“

„Допри ме!“

Момчето се наведна на земја лизгајќи се по столбот, го остави шишето на земја и со двете раце ги опфати нежните нозе на црвенокосата. Ги лизгаше бавно нагоре додека се исправаше сѐ додека не ги допре сферичните мазни топки под лесното цветно фустанче, а нејзините гради му го одзедоа здивот. Девојката го притисна врз столбот и му го откопча патентот.

„Осмели се повеќе“, му рече влегувајќи му со раката во неговите боксерки. Се израдува на дочекот. Почувствува како крвта надоаѓа и му го полни органот, мазен и топол. Тогаш ги почувствува неговите прсти, изладени од пивското шише, како шараат врз влажната вулва. Пецкаво чувство на скокот и жар ја здрма и ги затвори очите за момент. Се поткрена на прсти и повторно ги отвори очите. Смело го гледаше продирајќи во неговите зелените очи додека со раката му ја лизгаше сатенската кожичка горе-долу. Од време на време си ги стискаше нозете под убоста на неговиот свилен допир.
Не се осмелуваа на бакнеж. Се триеја со допрени чела а нивните јачења сѐ погласно се губеа во децибелите на журката.
„Ќе свршам.“
„Уште малку. Издржи уште малку.“

„Аххххх….“, ќе се чуеше да не беше музиката толку гласна.
„Ммм….“, ќе ги видеше секој да не беа сите очи свртени кон музичарите.
Кулминираа заедно со последната нота на нивната музика.

Се држеа така додека да земат здив и усните конечно им се споија. Сега нејзините раце страсно ја стискаа неговата половина, а неговите нежно ги галеа долгите прамени коса.
„Би те поканил на кафе. Но, страв ми е дека и тоа излегло од мода,“ ѝ рече кога успеа да се соземе.
„По ова вечерва, и стројници да им пратиш на моите нема да ми изгледа старомодно“ – сѐ уште задишана се шегуваше со него. Ја заврти пред себе и ја прегрна силно. Целата сала станала ѕвездено небо. Запалките се нишаа во воздух додека музиката замираше, а уметниците се простуваа од посетителите.
„Не знаев дека и гаќичките излегле од мода“, ѝ подвикна на уво, стиснувајќи ја страсно. „Не очекував да ми биде сѐ на тацна вечерва“, ѝ ја бакна косата.
„Ох, гаќите се во мода, во разни варијанти. Има пари во таа индустрија. Еве ги моите.“

Извлече црвена чипка од ташничката и му ги стави во рака. „Доколку ги сакаш за сувенир – твои се.“
„Секогаш ги носиш во ташната?“
„Се случува.“
„Ха, ха, со тебе не е никогаш досадно.“
„Кога те видов така сериозен и мил потпрен на столбот знаев дека доколку дојдам да разговараме би ме поканил прво на кафе. Веќе знаев, ти поверував за она што ми пиша на чет, прво се оди на кафе, па разговор, па ако има хемија … Знаев веќе дека си од тие ретките, почитувачите и сакачите на жени. Ама јас не можев да чекам за да ја проверам хемијата, па скокнав неколку фази. Тоа е сè. Ова беше мојата трета среќа. Ја искористив.“

„Како знаеше дека нема да ги скокнам и јас тие две фази штом те имам вака блиску?“

„Од транспарентот на маршот. Нема понежен пол, само нежни срца…“

„Да, тоа го напишав со надеж дека по некоја игра на Универзумот ќе го прочиташ и ќе знаеш дека не мислам дека 8 Март е ден на понежниот пол.“

„Како што те обвинив. Сори. Ти се истурив тебе за штетата на претходниот тиндерџија“.

„Мило ми е што дојде влажна и гола“ ѝ го бакна вратот најпосле. „Ќе има што да им раскажеме на децата.“

„Дека нема понежен пол, само нежни задници.“

„Мммм, во игра е и тоа. Како би влегол во тебе сега. Би се лизгал во тебе додека да нѐ избркаат од тука.“

„И што друго?“

„Би ти го откопчал патентот од фустанчето и би ….да оставиме нешто на имагинацијата. Мислам дека може да пробаме и на поконвенционален начин.“

„Во тоалет?“

„Бесрамничка. Излези со мене на состанок утре.“

„Договорено. Атер за децата.“

Клубот се испразни. Персоналот започна да расчистува. Просторот се претвори во визба со мирис на влага, истечено пиво и пот, но ним не им се разделуваше. Секој нерв во телото им беше надразнет. Секој хормон разбуден.

„Мора да одиме, но овие ќе ги задржам со задоволство“ ги мирисна и ги стави во џебот.

Излегоа последни. Тој срамежливо ја доближи својата рака до нејзината. Таа ги рашири прстите и ги вгнезди помеѓу неговите.

„Се викам Марта, патем.“

„Единственото подобро име од Роза Луксембург.“

„Зошто?“

„Како месецот на жената.“

„Луда?“

„Полна со изненадувања.“

„А ти си?“

„Филип.“

„Сѐ уште?“

 

Зоја Везилка

Авторот е познат на редакцијата

 

Везилка Магазин