„Цигара?“
Jа извлече цигарата од подадената кутија. По десетина долги секунди му погледна во лице на неочекуваното друштво и низ кисела насмевка му рече едно тивко „фала“. Кога ѝ го доближи пламенот од запалката до лице, таа одмавна со раката.
„Ох, не, нема потреба, не сум пушач“.
Наместо зборови, момчето направи гримаса на збунетост што само го покажа неговиот природен шарм.
„Како успеа да излезеш на овој балкон, убава? Тука е секогаш заклучено. Си имала среќа вечерва. Најверојатно заборавиле да заклучат келнерите.“
Не му одговори. Продолжи да гледа во градот кој светкаше под неа.
„Скапа панорама, не може секој да го доживее ова. Имаш среќа вечерва, а?“
„Среќа. Седумка на лото“ – цинично му возврати. „Во секој случај, поубав видик од тој во тоалетот предмалку.“
Тој повторно прашално ја погледна, а таа упорно не покажуваше знаци на добра волја за разговор, па потпрена врз оградата, со цигарата помеѓу прстите, отсутно гледаше во далечината.
„Што му фали на тоалетот?“
„Освен тоалетна хартија во една од женските кабини? Веројатно ништо. Но не очекував дека ќе начекам двајца како страсно си се „плескаат“ без да се заклучат. Не прекинаа ниту откако ја отворив вратата, си продолжија како кучиња на сред улица. Не ми излегува сега сликата на мајка ми кај што си поплукува в пазуви, Бог да чува, небаре животни.“
„Мајка ти?“
„Редовна и е реакцијава кога на филм даваат секс сцени во кучешка поза.“
„Што има лошо во доги?“
„Нема да ги дискутирам моите сексуални преференци со странец, извини.“
„Па тоа лесно се решава. Јас сум Горан. А ти, може конечно да ме удостоиш со еден поглед, да ми го кажеш твоето име и веќе нема да бидеме странци.“
„Ана. Благодарам за цигарата, а сега си одам.“
„Те чека дечкото? Друштво?“
„Никој не ме чека. Завршив тука.“
„А што ако те замолам да ми правиш друштво мене вечерва? И јас сум сам, а рано е за фајронт.“
„Дете, најди си соодветно друштво. Јас завршив.“
„Мислам дека најдов. А и не верувам дека сум дете веќе десет години, утре полнам 25.“
„Голем дечко, машала.“
„Нема да лажам, мислам дека си облечена премногу сериозно за во ноќен клуб, но ми се допаѓа жена во класично одело.“
„Ти се допаѓа за што? За доги?“
„Не ми се верува дека инсистираш сѐ уште на тоа дека таа поза е понижувачка.“
„Не инсистирам на ништо…“
„..но, ако мора да бирам“ ја прекина, „освен тоа што мирисаш како од друг свет, најсекси дел на тебе е вратоврската. За доги, мисионерска и сѐ останато.“
„Само велам дека не сме си еснаф вечерва, убавецу.“ Тргна низ врата кога цврстиот бицепс на младичот ѝ го попречи преминот.
„Па што ако си пет-шест години постара од мене?“
„Десет.“
„Десет, петнаесет, не е време за математика. А и што ако веќе си одлучила дека сум глупак во згодно тело и..“
„… и неодолива глава…“ го прекина Ана со воздишка.
„Спушти го гардот, убава! Дојди да ти покажам нешто. Не сме животни, ќе се разбереме лесно.“
Ја фати за рака, ја провлече низ гужвата во клубот и се упатија накај излезот. Кога влезе во долгиот ходник во еден миг отвори една врата чијашто боја беше совршено слеана со таа на ѕидот и однадвор не се ни познаваше дека беше тука. Ана за момент малку се почувствува неудобно, но Горан веднаш ја смири.
„Ова е магацинот. А таму на крај е канцеларијата.“
„Немој да ми кажеш дека си сопственикот?“
„Неважно.“
Ана застана пред магацинот, чијашто врата беше ширум отворена, и се загледа во внатрешноста.
„Организирано. Чисто.“
„Всушност, за тоа е задолжен менаџерот. Јас сум опседнат со чистотата. Жал ми е што немало хартија во тоалетот.“
„И мене.“
Стигнаа до канцеларијата во која две момчиња играа видеоигри на екранот кој го покриваше целиот ѕид.
„Дечки, малку приватност?“
„Одма шефе!“ Пред да трепне ги снема. Горан ја заклучи вратата однатре и ѝ се доближи погледнувајќи ја со очи на дете, мили и нестрпливи.
„Не плаши се. Ова е за да ни дадат приватност. Нема да те повредам.“
„Ќе играме Нинтендо?“
„Ако сакаш?!“
Ана се загледа во просторната соба. Беше чиста и модерна, а највпечатлив ѝ беше шанкот од другата страна пред кој имаше просторно огледало насликано со јапонски мотиви по страните. Откако одби да се напие нешто, Горан ѝ се доближи смирено и ѝ ги стави рацете околу половината. Таа не се помрдна. Не се плашеше, но не знаеше точно што да очекува од тој контакт. Зошто беше тука?
„Со колку жени си имал секс тука?“
„Со неколку, инспекторке, ха, ха“, низ шега ѝ одговори.
„Добро е, барем си искрен. А и ако навистина си по чистотата, нормално дека не сакаш да ебеш во ве-це.“
„Сега кога не веќе не сме странци, убава Ана, ќе сакаш да ми ги кажеш твоите омилени пози?” Ѝ го доближи челото врз нејзиното, одземајќи ѝ го целиот личен простор.
Ана го бакна без предупредување и во тој миг некој затропа на вратата.
„Не обрнувај внимание. Гејмерите. Ќе заминат.“
Ана ја спушти огромната ташна врз подот и врз неа внимателно го здипли сакото. Тогаш му пријде и го поттурна врз кожната гарнитура. Седна врз него и му ја соблече маичката со еден потег. Конечно го виде она што го замислуваше веќе десетина минути додека го следеше низ гужвата. Мазен, цврст и млад. Тој ѝ ја олабави вратоврската, започна да ѝ ја откопчува белата кошула и кога конечно ги вовлече јаките низ вратоврската и ја раслече, го пречекаа две голи пупки спремни за љубопитни усни. Го изненади нејзината храброст да не носи градник под канцеларискиот оклоп. Вратоврската остана врз голата кожа на Ана, а со првиот контакт помеѓу неговиот јазик и нејзината кожа таа затрепери и се поднамести врз него за да го почувствува тврдо под нејзината разгорена жар. Горан ги љубеше набрекнатите брадавици како да лижеше растопен сладолед врз корнетот, со жар и страв да не прокапи. Се плашеше дека нема доволно време за да му се наслади на целото тоа слатко богатство. Се бакнуваа и не зборуваа ништо сѐ додека тој несигурно ѝ го прошепоти името неколку пати пред да се осмели да ѝ рече “… се надевам дека ова е доволно достојно …”
Ја преврте врз гарнитурата и ѝ ги соблече пантолоните. Беа доволно широки за да се протнат и високите црни потпетици со црвена основа. Очекуваше танга, но таа носеше темно-зелени свилени гаќички. Бојата го маѓепса и не сакаше да ѝ ги слече, само ги потргна внимателно раширувајќи ѝ ги голите нозе за колената и ги брцна своите во нејзините долни усни. Нежно како памук, ѝ тапкаше по вагиналните тајни.
Дијалогот заврши лесно, брзо и тивко, а тоа му го покажа со нежно галење по косата. Горан легна до неа и ја праша дали е задоволна, на што таа одговори со прашање.
„Си имал секс врз шанкот кај огледалата?“
Овој пат тој премолчи и само ја поведе до шанкот. Застана зад неа. Се гледаа долго во огромното огледало и двајцата задоволни од тоа како изгледаа заедно. Штом ѝ го виде големиот задник во комбинација со тенката половина веќе беше тврд и со нетрпение ѝ ги галеше градите разделени од црната вратоврска, додека таа без да се заврти со рацете зад себе му ги откопчуваше фармерките. Тој ѝ асистираше и конечно остана гол зад неа допирајќи ја топло со своите набрекнати гениталии. Тогаш таа се поднаведна и се потпре со лактите врз шанкот. Го почека неколку секунди да стави кондом и влажно го пречека длабоко во себе. Сега се гледаше себе си во огледало, небаре на филм, и гледајќи како целото тело и се движеше напред-назад, не можеше да поверува колку убавина имало во срамната поза. Горан влегуваше и излегуваше од неа бавно, секое ново влегување ѝ причинуваше задоволство како првото, што ѝ дозволуваше да биде свесна за секој милиметар од нивното внатрешно триење. За прв пат започна да гледа елеганција во таквото спојување на две човечки тела. Небаре силуети извајани за фоаје на познат музеј, тие двајца ненаситно се свиваа во слатка болка и уживање.
„Побрзо“…се слушна нејзиниот шепот.
Некој затропа на вратата.
„Посилно!“ Го преколнуваше со нареднички тон.
Тој послуша.
Дишењето ѝ се зголемуваше и не ѝ беше важно тоа што знаеше дека некој стоеше од другата страна на вратата, а можеби и токму тоа уште повеќе ја возбудуваше. Го презеде сама ритамот и се смееше задоволно на звукот од влажната пенетрација. Упорниот „гејмер“ повторно затропа на вратата во моментот кога Горан и Ана го достигнаа врвот на нивното крешендо.
„Како животни“, ѝ шепна Горан надокрај и ја гризна за увото.
„Кучиња!“ Го гледаше Ана насмеано во огледалото.
Кога по еден час ја отворија вратата за малку ќе се судреа со црвенокосо момче, уште повеќе зацрвенето од трчање.
„Газда, насекаде те барам. Имавме инспекција. Сакав да ти кажам дека на инспекторката ѝ реков да почека на твојот балкон, мислев дека ќе те најдам и ќе може да зборнете на тивко во случај да има намера да ни пише казна. Но, тебе те немаше, а таа изгледа заминала.“
„Без гајле момче. Веќе разговаравме на темата“ Ана излезе од зад врата. „Пишав сумболична казна за немањето тоалетна хартија во тоалетот, другото беше беспрекорно. Продолжете вака чисто и организирано. Записникот е тука.“
Додека Ана ги вадеше листовите од големата ташна, Горан не успеваше да се соземе и немо следеше.
„Сепак, мислам дека можеби имаме конфликт на интереси тука, ќе мора да проверам утре и да Ви јавам. Како и да е, не сме животни, ќе се разбереме лесно“ му намигна на Горан и тргна кон излезот.
„Д, да“ успеа да пропелтечи Горан, гледајќи како нејзината секси силуета се губи во длабочината на ходникот.
„Среќен роденден, господине Ристевски“, му довика пред да излезе од ходникот.
„Благодарам… инспекторке….“ Таа веќе беше надвор кога читајќи го нејзиното име од хартиите тој воздивна „Николоска“.
Му ја кажа улицата на таксистот и се смести удобно на задното седиште. Ја извади цигарата од џебот на сакото и задоволно ја стави в уста.
„Се извинувам девојче, тука не се пуши.“
„Ох, без гајле господине, јас не сум пушач.“
Зоја Везилка
(авторот е познат на редакцијата)