Нивните животи веќе нема да бидат исти. Никогаш. Од летот од Швајцарија на аеродромот во Скопје слетаа како други луѓе. Немаше појасен сигнал за тоа од тишината. Сосема несвојствено за Диме, овој пат не водеше жив разговор со таксистот. Маја и Коста не се задеваа на задното седиште како деца. Секој си гледаше низ прозор тивко и замислено.
Откако ја заклучија вратата одвнатре, сите се раштркаа по своите соби и според непишаното правило, еден по еден, влегуваа на туширање – веројатно единственото нешто што не се променило.
Прв излезе Диме, мажјакот во фамилијата, оној на кој не му требаше повеќе од десет минути за своето навежбано разголено тело и холивудска личнотија да ги довлечка до дневната соба и, уште недосушен, спуштајќи го троседот, да се фати за далечинскиот управувач. Се раскомотува врз удобната гарнитура. Маја излегува втора во своите сини летни сатенски пижами од кои ѝ се оцртуваат напупените дојки и скоро ѝ се познава браздичката помеѓу нозе. Седнува до Диме, му префрла нешто за тоа што повторно оставил капки вода врз гарнитурата, но лутината ѝ трае две секунди, и си се опушта пред телевизор.
Коста не се грижеше многу за своето тело, природно беше слаб и висок без да внимава на исхраната и без спорт, но затоа неговата хеви метал грива си сакаше подолг третман. Имаше средства за нега на коса повеќе од целата козметика на двајцата цимери заедно. Ќе излезеше по бањарка, со крпата свиткана околу глава, и седнуваше до цимерите.
Пред тој телевизор се случуваше сѐ, целиот нивни десетгодишен заеднички цимерски живот. Сите дилеми околу пропаднати врски, работни предизвици, животни драми, сѐ се решаваше таму, групно.
И вечерва, секој си го окупира своето место, но овој пат, сите продолжуваа да молчат. Во еден момент Маја им ги фати рацете на двајцата и ги држеше тивко подолго време. Тие знаеја дека таа сѐ уште, во мислите, беше во авион. И таму седеа по ист редослед како сега на спуштениот тросед, а откако им беше кажано дека авионот ќе слета само со еден мотор не им ги испушти дланките додека знакот за задолжително носење појас не се исклучи, а тие веќе беа безбедно приземјени. Во еден момент цимерот и колега, Коста, со лажна безгрижност се трудеше да ја потсети дека и на факултет имаа учено за тоа дека авионите се дизајнирани за да издржат слетување и со еден мотор, но не успеваше да ја релаксира.
Сега пуштија некоја семејна драма и гледаа во екранот колку да не зборуваат за стравот од блиската средба со смртта. Прва заспа Маја. Момците ја поттурнаа подолу на креветот, ѝ ја наместија перницата под глава и ја покрија со чаршав. За десетина минути беа заспани и тие, едниот во својата бањарка со мократа коса врз крпата, а другиот непокриен по шорц и голо торзо.
Спиеја цврсто и никој не се помести од позицијата во која заспа сѐ до четири часот утрото кога на Диме му стана свежичко, и во полусон, на Маја ѝ украде едно ќоше од чаршавот. Несвесен за тоа дека телевизорот сѐ уште беше вклучен, слушна женско стенкање и, кога конечно се сети од каде доаѓаше, погледна во екранот на кој одеше сцена на орален секс помеѓу две убавици. Не беше свесен дека беше доволно блиску до Маја и дека од таа моментална визуелна дразба неговиот дар беше во инкриминирачки близок контакт со малата полна задница на цимерката.
Се помести за да не биде фатен на дело, но задоцни. Маја се разбуди и виде како вознемирено го исклучува телевизорот. Девојката без збор се сврти кон него и му го рашири чаршафот, по што со раката му даде знак да влезе под него и да се покрие до неа. Сега беа свртени лице в лице, но таа беше со затворени очи.
Диме гледаше во нејзините релаксирани мускули на лицето и се полнеше со скришна гордост дека беше еден од неколкуте луѓе на светот кои можеа да уживаат во „даркерскиот“ имиџ на оваа неверојатна жена преку ден, а во нејзината гола убавина навечер. Ја погледна надолу и кога виде дека сатенот едвај ѝ ја покриваше едната града почувствува како гордоста му се симнува во препони, и неверувајќи си на ваквата ниска способност за самоконтрола, се обиде да мисли на нешто друго, само да ја истера зовриената крв од недругарската зона. Тогаш ги почувствува меките усни на својата цимерка и, сѐ уште борејќи се со потребата за разграничување од мечтите и јавето, ја слушна како му шепоти.
„Ќе умрев без да те бакнам, љубов.“ Очите сѐ уште ги држеше затворени.
Љубов. Така му викаше секој ден. Тоа им беше изрека од некој филм која Маја упорно ја користеше наместо неговото име. Диме за прв пат се запраша дали можеби го чувствувала зборот целото ова време? Но и тој ѝ погледна на смртта во очи денес. И тој имаше право на адаптација на вториот живот, па несакајќи да губи време на дискусија, ја зграби за половината и ја притисна до своето мазно торзо. Бакнежот му кажуваше повеќе од сите нивни разменети зборови досега. Додека дланките ѝ шараа по неговите ребрести мускулни виуги, јазикот ѝ се насладуваше на неговите полни усни. Тоа што Диме беше бакнувач од соништата ја натера да се прекори себе си за чекањето – години пропуштени да го љуби, а го имаше до себе секоја вечер. Тогаш почувствуваа дека уште еден пар очи беше сведок на нивната љубовна сцена. Коста немо ги гледаше и на крај успеа да прозборува.
„Не знаев што да направам. Простете што ви навлегов во интимата. Не сакав да ве прекинам. Не очекував дека …“ Се помести за да стане од креветот, но Маја го фати за врвцата од бањарката и го повлече назад на троседот. Бањарката се откопча и љубовниците ги пречека здрвениот долг пенис на Коста.
Какви сѐ скриени моќи поседуваа нејзините цимери? Маја му ја зграби бањарката со раката и му ја слизна по грбот. Сега Диме седеше гол, свртен со грбот кон нив двајца, усрамен и несигурен за својата улога во тој триаголник.
„Не сакам да ми кажете дека имам опција или да ве изгубам двајцата или да изгубам еден. Знам, еве сега знам, авионот може да лета и со еден мотор. Ама…цел е кога лета со двата.“
Коста се заврти и праша „Ги сакаш и двата?“
Маја одговори со немо кимање, а Коста се поткачи со коленото врз креветот и ја бакна. Диме го гледаше бакнежот и се изненади од сознанието дека овој триаголник му ги разигра пеперутките во стомакот. Можеби Маја имаше право. Цели беа кога беа тројцата.
Коста продолжи да ја бакнува Маја држејќи ја со двете раце за лицето. Очите му беа згрчени, а Маја му го почувствува срцебиењето и го притисна кон себе. Го погали по свилестата долга коса, па со ноктите нежно го гребна по плеќите и тогаш врз грбот ја почувствува топлината на Диме која доаѓаше од неговата прегратка. Кога бакнежот помеѓу неа и Коста стивна, останаа згрчени во топла триаголна прегратка.
Никој не знаеше како да продолжи, а сите го посакуваа истото.
„Се плашам и јас од ова, но повеќе се плашам да престанам“, кога ги изговори овие зборови, растреперената Маја ги подаде рацете нагоре и Диме без дополнителни инструкции ѝ ја свлече сатенската маичка. Совршените малечки гради му се подадоа на Коста од другата страна. Тој се поднаведна кон нив и ги погали подголтнувајќи. Маја тогаш се заврти и кон Диме, кој ги доближи своите усни до нејзините пупки и ги бакна. Забележа колку беа исплашени и двајцата и тоа ѝ го разгори пламенот долу, каде што долго не се осмелуваше да си признае дека им беше место на нејзините цимери. Маја легна врз креветот и ги истурка шорц-пижамата и гаќичките на земја. Ги подигна нозете високо и ги отвори спуштајќи ги долу како сказалки. Мажите инстинктивно си ги пофатија толчниците и фотографирајќи ја со очи не успеваа да се помрднат.
Таа го зграпчи дигнатиот орган на Коста и започна да го милува. Диме се спушти кон нејзините бедра бакнувајќи ѝ го секој милиметар од торзото. Ако не откажеше едниот од моторите на авионот немаше да знае дека ова ќе беше вака слатко возење. Диме стигна до усните за кои дотогаш се усилуваше да не фантазира, ѕиркајќи ги скришно додека цимерката слободно се фрцкаше низ станот во проѕирните пижами. Ги гледаше одредено време и си дозволи да им се восхитува пред да ги вкуси. Маја затрепери под неговиот мек јазик и со дланката притисна посилно врз органот на другиот мажјак кој уживаше во разгорувањето на триаголната екстаза. Во еден момент таа му го побара со усните. Коста ја имаше замислено Маја гола, имаше помислено на многу забранети интимни сценарија, но никогаш не си дозволи да фантазира за нејзините усни врз неговата машка зона. Она што уште повеќе го возбуди беше сликата на цимерот кој во транс ги пиеше соковите на нивната кралица.
Никој не беше сигурен во тоа што го правеше, но немаше смелост да се откаже. Во еден момент Диме ги соблече своите шорцеви и го доближи розовиот дебел толчник до раширениот цвет. Ѝ го погали клиторисот со оросената главичка, на што Маја испушти крик на задоволство. Тој продолжи да ја стимулира со мазниот жиг, на што дамата во еден миг силно зајачи и ги стисна сите свои мускулни ткива додека да ѝ помине струјата. Диме го почувствува зенитот на задоволството на нејзиниот цвет. Но, таа не запре со играта туку продолжи да му пружа задоволство на Коста, кој сѐ уште како да не можеше да поверува дека од сите жени на светот, неговиот пенис беше разгалуван од устата на неговата возбудлива, и дотогаш, недопирлива божица. Скоро ќе свршеше гледајќи како цимерот ѝ пружа крајно задоволство на кралицата, но сакаше тие мигови да траат подолго. Се плашеше дека ако се разбуди од сонот, и сѐ остане по старо, Маја никогаш немаше да дознае за неговата љубов кон неа.
„Ме сакаш во тебе, љубов?“ Праша Диме и му ги прекина овие мисли.
Наместо одговор, таа со нозете ги опфати неговите колкови и го доближи до себе. Влезе во тунелот тивко, а потоа пенетрираше во неа третирајќи ја деликатно како стаклена кукла. На знак на Коста забрза темпо и канонот им заврши унисоно врз нејзината мазна кожа.
Лежеа долго тројцата врз креветот по својот вообичаен редослед и се обидуваа да фатат трошка здив. Маја замина до бањата за да ја измие спермата од себе. Се враќаше небаре по модна писта, самоуверено волшебна, задоволена и среќна. Мажите конечно можеа без перде да ги видат тие темни пупки и таа мистична бразда, што секоја вечер ја разбудуваше нивната имагинација.
Никој од нив не очекуваше дека тројките може да бидат толку интимно чисти. Нивниот телесен собир не наликуваше на ниту една порнографска сцена, а беше толку моќна.
Маја застана пред нив и ги гледаше напоредно.
„Колку сте убави вака како што сте. Ова, ова… беше нешто од друг свет. Но, ми се случи мене. Ни се случи нам. Сакам да гледам нежност помеѓу двајца мажи. Не знам дали е еротски предизвик, но ме тера да верувам во нежноста и љубовта на мажите.“
„Знаеш дека не сме геј, така?“ Мажјаците уплашено се погледнаа.
„Кому му требаат етикети? Љубовта се множи со делење. Само сакам да гледам како ме делите како фер играчи. Не ме пали вашиот натпревар. Не ми треба докажување и борба. Ја сакам вашата деликатна страна. Вашата кршливост и кревкост. Ве сакам.“
Маја им ги доближи главите, по што момците се бакнаа. Бакнежот им беше несигурен и аматерски, но таа беше среќна.
Зора, една права жена и двајца вистински мажи.
Зоја Везилка
Авторот е познат на редакцијата