1ви Април 2020
Привремени работни визи
Времената виза за работа ви дозволува да дојдете во Австралија за да работите привремено. Може да има услови во вашата виза што овозможуваат само одредена работа или работа со одреден работодавец.
Таа е исто така привремена виза која обезбедува можност за подоцнежно аплицирање за постојан престој (permanent residence).
Ова е список на достапни визи за привремена работа. Доколку не сте сигурни која виза е соодветна за вас, можете да ја користите алатката Visa Finder.
- Temporary Skill Shortage visa (subclass 482) – Потребен е спонзор
- Temporary Graduate visa (subclass 485)
- Skilled – Recognised Graduate visa (subclass 476)
- Skilled Regional (Provisional) visa (subclass 489)
- Business Innovation and Investment (Provisional) visa (subclass 188) – Потребен е спонзор
Нови регионални визи
Две нови регионални привремени визи ќе бидат достапни за квалификувани мигранти, и зависни членови на семејството, кои сакаат да живеат и работат во регионална Австралија од 16 ноември 2019 година.
Регионална (привремена) виза за квалификувани работни места (подкласа 491) – за лица номинирани од државна или територијална влада или спонзорирани од квалификуван член на семејство да живеат и работат во регионална Австралија.
Спонзорирана регионална (привремена) виза за квалификувани работодавачи (подкласа 494) – за лица спонзорирани од работодавач во регионална Австралија
Повеќе инфо на официјалната страница за Имиграција на Австралија.
Ако планирате да ангажирате агент за миграција, а сакате да се заштитите од измами, задолжително проверете дали истиот има MARA лиценца за работа како агент во Австралија.