Бизнис Клуб

Како да ги поврземе и промовираме онлајн бизнисите на Македонците низ светот?

Везилка Бизнис Клуб

Везилка Магазин

Дали рачно изработувате накит/козметика и го продавате на Етци/Ибеј/Инстаграм?

Дали имате развиено свој производ кој може да се продава и доставува глобално, низ целиот свет?

Дали водите онлајн часови за јога/фитнес/медитација/сликање/музика?

Дали сте психолог/психотерапевт/тренер за личен или бизнис развој кој работи со клиенти од целиот свет?

Или можеби имате платформа за изучување јазик/курсеви? 

Дали работите во секторот за информатички технологии и нудите услуги низ целиот свет?

 

Во текот на овие 10 месеци постоење на Везилка Магазинот, дознавме за многу бизниси чиишто сопственици се Македонци, а кои функционираат онлајн и глобално, па се запрашавме:

 

Како би можеле да ги поврземе и промовираме тие бизниси, за да има придобивка секој Македонец, без разлика каде се наоѓа во светот?

 

Потребата за вакво нешто ја роди идејата за Везилка Бизнис Клуб, место каде сакаме да ги собереме сите бизниси кои делуваат глобално, за да можеме да им дадеме поддршка како македонска заедница и да ни бидат првиот избор при купување.

Делот на веб страната кој ќе е посветен на Бизнис Клубот е во изработка во моментов и токму сега ни треба вашата помош во споделување на информацијава со секој оној кој има ваков бизнис, без разлика каде се наоѓа во светот.

За контакт со Везилка – достапни сме на Фејсбук, Инстаграм или на имејл адресата biznisklub@vezilkamagazine.com  во секое време.  Од сопствениците на вакви бизниси ќе ни треба името и логото, краток опис што е основата на делување и линк до веб страна/профил на социјални медиуми.

Време е за обединување и меѓусебна поддршка. Ве очекуваме!

Везилка Магазин