Работете на себе за да можете да ја препознаете и да видите разликата – ВИЕ НЕ СТЕ ВАШЕТО ТЕЛО, НЕ СТЕ ВАШИТЕ ЕМОЦИИ, НЕ СТЕ ВАШИТЕ МИСЛИ. Кога ќе станете свесни за себе – ЈАС СУМ – тогаш стресот ќе ве остави сам од себе. До тогаш…Претпочитам холистички пристап и еве неколку основни насоки што треба да ги користиме:
Проверете како реагирате на храната, водете сметка за калоричната храна и вашите активности. Внимавајте особено ако јадете храна од животинско потекло, што создава киселост, затоа треба да пиете вода со лимон бидејќи лимонот го алкализира организмот. Бидете сигурни дека имате доволно електролити од магнезиум и витамин Д3. Не дозволувајте вашето тело да биде на работ на дехидрираност.
Мултитаскинг – сметаме дека е позитивна карактеристика, но е најчест извор на стрес на долг рок затоа што го прифаќаме како начин за извршување на секојдневните активности. Мора да разберете дека не е најважно за вашето здравје да правите многу работи во исто време.
Постарите велат: „Паметните луѓе запишуваат, будалите паметат“. Секогаш креирајте и користете план како распоред на активности што треба да се реализираат денес – (најпрво важни работи). Запишете сè и не го оптоварувајте вашиот мозок непотребно.
Физичка активност: трчање, одење, пливање, кајакарење и веслање, танцување, јога или друга активност привлечна за вас (за мене, тоа е пливањето) за која не треба да креирате стратегии за победа – треба да го штедите мозокот. Ваквите активности помагаат при екскреција на допаминскиот хормон, кој е инхибитор на хормоните на стрес, и ви помага да спиете…
Кога немате време – тогаш тоа е вистинско време за медитација од кој било вид. Ставам посебен акцент на кратката неформална медитација – неколку минути тук и тамо, затоа што тогаш нема стрес. Користете специфични вежби за дишење колку што можете повеќе и вежбајте правилно дишење.
Направете нешто за другите користејќи ги вашите знаења и вештини. На тој начин нашиот живот добива значење и квалитет.
Она што го правите сега, правете го најдобро што можете, за подоцна да не паднете на вибрации од лутина или срам затоа што нештото не е добро направено.
Исчистете го просторот. Не само просторот во кој живеете, туку и торбата, паричникот што не можете да го затворите, работната површина на вашиот компјутер – така што нема да биде товар од видот „она што не го направив“ или „што друго треба да направам”
Дознајте кога и како да кажете НЕ, без каење. Вие не сте избрани да ги решите сите проблеми на овој свет. Споделете ги задачите со сите, побарајте помош.
Отворете се за нови знаења, методи и техники кои секако даваат позитивни резултати, како што се хипноза или TRE вежбите (ТРЕ вежбите се лесни за правење и даваат одлични резултати, докажано со работа со клиенти).
Никогаш не давајте совети: „Време е да се одморите“, „Смирете се, не ви треба стрес“ затоа што тоа не потсетува дека стресот е нешто негативно и застрашувачко. Не е пријатно чувство, но кога ќе научите свесно да препознавате дека сте под стрес, одвојте го од себе. Бидете свесни за вашиот стрес во тој момент и запомнете дека ВИЕ НЕ СТЕ тој стрес. Се чувствувате стресно, па што? Знајте дека ќе помине. И тогаш, нека помине. Ангажирајте го вашиот ум со други позитивни мисли и кренете ги вибрациите. Уживајте во животот!
Првиот дел прочитајте го тука
Вишња Дурацоска е професор, тренер за животни вештини, НЛП практичар и реики ментор. Живее и работи во Америка веќе 9 години. Повеќе инфо на нејзината веб страна
Овој текст е личен став на авторот и не ги изразува ставовите на Везилка Магазин