Кујна

Кроасани со моркови и премаз од сенф

Везилка Магазин

Ова е рецепт за лесни и многу вкусни кифли со моркови, кои можат да бидат и посни/вегетаријански ако наместо путер се користи маргарин.

Состојки:

500 г брашно

1 свеж квасец

1.5 лажиче сол

3 лажици шеќер

250-300г моркови

150 мл масло

Постапка:

Квасецот се става во малку млака вода, со малку шеќер и брашно, да се растопи убаво и да скисне.

Морковите се варат и блендираат.

Во длабок сад се мешаат брашното, шеќерот и солта, се додаваат морковите, маслото и квасецот и се замесува меко тесто. По потреба може да се додаде млака вода или брашно, важно е тестото да биде меко и да не се лепи многу.

 

Добиеното тесто се дели на два дела. Секој од овие два дела се дели на уште четири делови.

На набрашнета површина од секое делче се сука кора, се мачка со путер или маргарин и се редат една над друга, при што последната кора не се мачка со маргарин.

Вака наредените кори (4) се расукуваат во нова кора со дебелина од половина сантиметар. Се сече на 8 или 16 делови (зависно колкава големина сакате) и се виткаат кифли.

Истото се повторува и со другиот дел од тестото.

Кифлите се премачкуваат со сенф растворен со млака вода и се попрскуваат со сусам. Се печат на 180 степени околу 20-30 минути, зависно од рерната.

 

Везилка Магазин