Значи, да ја сублимираме анкетата.
Во прашалникот 8% беа мажи што одговорија и тоа од оние што никако не доживуваат оргазам со пенетрација. Де факто, како што кажавме во претходната статија, мажите, со пенетрација или без, немаат проблем со оргазмот, но уморот, мислата, децата или што и да е неочекувано, им го прекинуваат самото доживување. Значи, не се секогаш семоќни, можеме да им простиме, а воедно и да се утешиме бидејќи еве кај нас, жените, од 170 анкети, 62% не доживуваат оргазам само со пенетрација. Потребни им се помагала, а најчеста е мастурбацијата или играчките кои го поттикнуваат оргазамот. Ништо страшно. Сѐ за доброто на народот. Се надевам само во иднина технологијата ќе ни помогне и ќе ни создаде тивки помагала што не произведуваат бззззззззз, туку едноставно тивко ќе вибрираат на мекото ткиво. А можеби и постојат, но јас не сум го одбрала соодветното. Како и да е, соодветно – не соодветно, ми се расипа и тоа, единственото нешто што некогаш сум го користела. Признавам. До крај се обидував да сфатам кој ми е проблемот и зошто јас имам тешкотија во оргазмот. Бескрајна утеха ми се овие 62% бидејќи се директни истражувања кои ги спроведовме, а таквите се најрелевантни. Без никакви фејк њуз.
Е сега, бидејќи само со пенетрација ни е проблем, во текот на истата најголемиот процент се справуваме или со мастурбација или со играчки. Односно, 21% постојано користат играчки, а 16% понекогаш. Искрено, откако ја искусив играчката, многу време ми одзема мастурбацијата и исто како и голем дел што не додржуваат до крајниот оргазам само со пенетрација, така и јас, се откажувам од мастурбацијата во текот на чинот и посегам по брзата играчка. Што ми се расипа. И секогаш сум си велела, па што ако употребам вибратор, значи ли тоа дека живиот орган нема да ме задоволи никогаш повеќе? Како што сум нетрпелива со мастурбацијата и посегам по играчката, значи ли тоа дека ќе му речам на партнерот: Ма, нека, ја чу! И оп, ќе си го земам вибраторот? Колку и да ни го олеснуваат оргазамот играчките, не е ли возможно и без нив да го најдеме начинот за да го доживееме оргазамот?
Уживав кога кај неколку прочитав дека се мултиоргазмични. Вистински се радував. И би сакала да знам кој е трикот. Кој од горе, кој од позади, кој во мисионерска, око не им трепнува. И сега, за сите останати, се прашувам зошто, кога знаеме дека имаме проблем и дека упорно изаоѓаме помагала, не си помогнеме самите или не се консултираме со некој професионалец на таа тема? Зошто сето тоа го прифаќаме како непроменлив факт и се предаваме уште пред да се обидеме да го доживееме оргазамот само со пенетрација? Не продолжуваме иако побудалуваме од убавини и сме постојано на раб да го доживееме. Е зошто де?
Кај 42% голема игра во доживувањето на оргазмот има местото каде се одвива, некои (21%) ниту помислиле дека тоа би можело да им влијае, додека, пак, на останатите баш им е гајле за местоположбата. Исто им се фаќа.
Се зачудив кога видов дека 40% читаат еротски книги. Па ние сме биле бре читачка нација, само жанрот не сме го погодиле. Еротската литература да ни била една од посилните карики. Види мајката. Браво.
56% гледаат порки, а речиси повеќе од половина, заедно со партнерот. Ете, се обидов да гледам порка додека водиме љубов со партнерот. Не ми одеше. Велат требало претходно, за да сум се напалела. Па не е дека секогаш сум крајно напалена (како некој туѓ што би можел да ме возбуди), ама дури и кога не ми се сака, уморна сум, одбегнувам по секоја цена, едноставно тешко е да не се напалиш кога партнерот, сакале или не, знае дека кога ќе го брцне, напаленката сама си доаѓа па колку и да не сме сакале претходно.
Е сега, кога веќе зборуваме за нешто туѓо, би било интересно да знаеме колку проценти од сета оваа анкета се случува со нешто туѓо? Сепак, 78% од испитаниците покажаа дека се во брак, 12% со партнер и речиси 8% без партнер. Останатите исклучоци се во слободна врска. Е сега ме интересира, колку од сите овие што не се во слободна врска го искусуваат оргазмот со домашниот? Не го поставивме само тоа прашање. Не можам да си поверувам. Еве јас сум менаџер во една област. Сешто можам да исхендлам, но покрај дете, домашни обврски, работа и слично, како ли е возможно успешно да се менаџираат тајните возбудувања со туѓото? Каде ли се запишани овие врвни достигнувања на менаџментот по туѓото?
Имаме 29% кога оргазмот децата ни го прекинуваат. Да, ни се случи еднаш. Не знаеш од каде попрво да се потпокриеш. И кога ќе се потпокриеш, сфаќаш дека не ти е до гушкање со детето, го праќаш во соба и му викаш почекај, па си завршуваш работа. Знам дека многу луѓе го прекинуваат доживувањето по појавувањето на детето, ама дај бре малиша оди мафни ми се, имам работа за до-свршување. Се лутело – не се лутело, плачело – не плачело, нек ми затвори врата и нека не се обидува другпат без одобрение да влезе. Така во Германија научив уште од мала, пред да влезеш во нечија соба, тропни на врата. Чиста работа. Ред и поредок. Ама и тие истото како и сите го тргаат на темава. Ниту ред ниту поредок спасува на крај.
Е сега, 46% мислата ги зеза. Значи спасот бил во главата. Не сум добра по математика, ама очигледно голем дел на тоа се сведува, дека мислата ни е проблемот. Ех, да му се сневиди!
Сепак, колку и да сме навикнати на традиционалното, колку и за нас да е незамисливо да бидеме дел од нешто што никогаш не сме ни помислувале дека можеме да го направиме, не сме ли помислиле дека баш тоа незамисленото е нештото што би можело да не направи мултиоргазмични без употреба на помагала? Дали би требало да размислиме на темата или можеби треба да се обидеме да ги искусиме сите најразлични форми што би нѐ довеле до едноставно задоволство без никаква мастурбативна или вибрирачка помош??
Имаме ние еден наш професионалец, сексолог, ама бидејќи сето добро што ни е во Македонија, живее надвор од Македонија и во овој конкретен случај ги решава проблемите на њујоршките сексуално напредни битија. Можете дури и да ја побарате. Се вика Др. Жана Врангалова.
Еве, и апел за помош ѝ испраќаме!
Жана, спаси нѐ!