ЛичноСексологија

Ленка: Ништо не сакам

Везилка Магазин

Денес, на пример, ама баш ништо не сакам и ништо не ми се пишува. Не ми се пишува за секс, ниту за сексуални искуства, ниту за тоа што би требало да се запрашаме за да си го подбриме љубовниот живот. Денес, ете, како што многумина би рекле, утрински си ја напишав домашната задача за која и не бев многу расположена да ја напишам.

Не дај боже три дена да не напишам домашна задача, седи кец, следува. Па се измислуваат глупости под влијанието на неиспразнетиот тестостерон или поради некакви овулациски негодувања. Пишувањето на домашната задача, нѐ научиле, дека е задолжителна. Повторувањето било мајка на знаењето. Така и ние, пиши бриши, пиши бриши во текот на целиот живот. Е сега за што зборувам?

Велат работата не се остварува со инспирација, се остварува со работа, со пишување домашно. Од прво одделение домашни пишуваме и не следат низ целиот живот. Аман веќе! Само така се напредувало. Така велат старите. Нивата мора да се ожнее, сакале ние или не сакале тоа да го правиме. Му е гајле на никулецот, многу знае, ќе си умре без да го полеат. Од надворешни влијанија зависи. Џабе му е инспирација и џабе му е работа. Дигни руке и пут те прати.

Ех, да бевме никулец.

И сега што? Што да надоврзам во разговорот кога ништо не сакам, а кога ништо не сакам, ништо и не знам.

Ама знам нешто што никој не го сака. Пет сантиметри, верувале или не. Сте ги доживеале? Замислете си, апстиненција од неколку месеци, ненамерна апстиненција, случајна. И одеднаш си велите, епа доста беше само дружење, дај да полееме никулецот. И прекрасна комбинација, интелект расфрлен на сите страни, конечно гори ватра не се гаси. И сега, сте виделе ли да се изгасне оган со црево од пет сантиметри? Епа не се гаси, догорува огнот, пеплосува. Така и интелектуалново црево. Пепел направи и визит картичка остави. Јави се по потреба. Која потреба, бе? А леташ, те лепи по прозори, те фрла на тросед како лав! А ти не знаеш дал да цвилиш дал да рикаш. Е сега, 25 сантима, е има да рикаш ко магарица.

Постои ли совршенство? Не постои. А, љубовта не се мери во сантиметри и огнот на страста не се гасне со црево.

Сантиметрите отсекогаш биле техничко прашање. Цела пожарна да дојде, џабе. Ама, ако пред очи ни се појават порно пожарникари, е тек тогаш се пеплосавме. Контрадикција на природата, а фаворит на фантазијата. Некои не се љубители на порно туку на еротика, а некои, пак, се љубители на еротски книги, кај нив замислата е таа која ги разгорува сите еротски чувства.

До следното читање ќе ви испратам краток прашалник за да ја продлабочиме темава бидејќи, понекогаш, спротивно од тоа што го велат за работата, сепак, не само што е потребна туку е и неопходна инспирацијата.

Затоа, пред почетокот на работната недела, со партнерот ќе си пуштиме порно и ќе си ги разгоруваме еротските фантазии и замисли како во книга.

Пријатна недела.

Ленка

 

Везилка Магазин