ЛичноСексологија

Ленка: Оргазам

Везилка Магазин

Осми март. Денот на жената.

Се зачудив кога сретнав две честитки што кружеа по социјалните мрежи:

„Не им подарувајте цвеќе на жените, подарете им оргазам“

„Не им подарувајте цвеќе на жените, најдете им ја Г точката“

Е мајку му, си реков, значи жениве речиси добиваат оргазам онолку колку цвеќе за Осми март? Еднаш годишно? Не разбирам. Зошто оргазмот би бил подарок, па дури и метафоричко значење да има оваа таканаречена честитка или препорака?

Вистина е, мажите немаат проблем со оргазам. Покрај тоа што им се дига на трепавица, ретко кога не доживуваат оргазам. А жената?  Еххх, голем број од жените, а според некои студии и 75% од нив, не доживуваат оргазам. Не зборувам за оргазамот кој се доживува со мастурбација или со помагала, туку за оној, со чиста пенетрација и чувство на неподносливо уживање. Е немаааа.

И што сега не е во ред? Партнерот не е, одлични сме во кревет, одличен е. И многу наназад пред него биле беспрекорно одлични. И неподносливите уживања исто така. Ама оргазам немааааа. Блазе си им на оние жени кои се толку ослободени или толку им е биолошки добро поставена што уживаат дури и многупати одеднаш. Врвно! Сум зборувала со тие другарки и тие, пак, не можат да разберат како е возможно да треба да се стимулираш за да доживуваш оргазми.

Велат клиторичен и вагинален оргазам. Двата биле различни. А тој од позади, бил беспрекорен. Подобар од сите. Јас лично тоа искуство го немам, едноставно, не ми е пријатно. Е сега, алал на уживателите. Една другарка на пример не може да живее без тоа, а за многу другари, пак, и да не зборувам. Пустото да се уживало во пенетрација, ама кај некои, и очигледно огромен процент кај жените, оргазмот малку потешко без дополнителна игра. И сега, колку и студиите да покажуваат дека тоа е нормално, понекогаш се чувствуваш како имбецил. Сигурно е во мозочето некојси развоен недостаток, си мислам.

Често сум се обидувала од другарките да извлечам повеќе информации. Едни ќе ми кажат дека е ок, дека е нормално и дека ќе си ја најдеш играта и начинот, ама пак никогаш не се отвораат да прозборат навистина за што е тоа што го прават и практикуваат. Не можам да разберам зошто е тоа толкава интима што не треба да се споделува или срамежливо да се зборува, а може на сите заемно да ни помогне секогаш да открваме нови начини на игра? Од друга страна, пак, оние коишто секогаш без проблем си доживуваат оргазам не ти го ни разбираат прашањето како е возможно да немаш?

Самостојна мастурбација. Две секунди и си завршил работа. Зошто секогаш да не е толку едноставно?

Истражувачи велат дека спротивно на очекувањата, мастурбацијата не ги зголемувала можностите за доживување почести оргазми, ниту пак честата промена на партнерите. Да му се сневиди! А ќе беше така едноставно.

Убаво, клучот лежел во менталните и партнерските капацитети. Тоа е.

Исто така велат дека било и поради тоа што жените повеќе го вреднувале оргазмот кај мажите, но јас искрено не сметам дека е поради тоа што жената го вреднува повеќе оргазмот на мажот туку напротив, едноставно не знае сѐ уште како да го вреднува својот. Па дури ниту во седумдесетите жените не биле пооргазмични, замислете.

И така, бидејќи сите сметаат дека тоа е интима за која не се разговара, ќе треба нечии туѓи студии да читаме, а многу полесно ќе беше да си разговараме отворено и да си се разбереме, сепак, уживањето е една од работите за кои можеби и треба почесто да зборуваме во ова време на невреме.

Везилка Магазин