- Вашиот партнер има сериозни емоционални, физички или финансиски проблеми;
- Вашиот партнер често се чувствува збунето, беспомошно и ја презема улогата на жртва, а вие сте тие кои постојано го тешите, го смирувате и го охрабрувате;
- Често ја преземате улогата на родител во врската (често го советувате или го предупредувате партнерот за можните проблеми, но се чувствувате фрустрирано кога тој не го прифаќа вашиот совет);
- Вашиот партнер има емоционални трауми од детството и вие чувствувате дека сте должни да му „надокнадите“ за тоа;
- Вашиот партнер многу ретко Вам ви дава поддршка и сила.
- Понекогаш чувствувате дека мора да „одите на прсти“ околу вашиот партнер за да не го вознемирите
- Избегнувате отворено да разговарате со вашиот партнер за она што ве мачи;
- Често го толерирате, па дури и го оправдувате неприфатливото однесување на вашиот партнер(кое не би го толерирале кај свој пријател или колега);
- Верувате дека никој друг не може да го разбере вашиот партнер како што Вие можете да го разберете;
- Потајно се прашувате дали доколку ја прекинете врската, вашиот партнер брзо ќе најде замена за вас, или како што длабоко во себе се сомневате, ќе остане сам.
Доколку можете да се препознаете себеси само во неколку од горенаведените изјави, најверојатно сте во спасувачка мисија во вашата врска. Тоа значи дека потајно очекувате вашиот партнер да се промени т.е. да се подобри со текот на времето. Затоа, многу ви е тешко да ја напуштите таа врска, бидејќи доколку го направите тоа, ќе имате чувство на вина дека ужасно сте го повредиле партнерот. Вистината е дека истото чувство на вина поради кое сте влегле во таа врска, може да ве задржи во истата врска многу подолго отколку што можеби би требало да останете.
„Спасувачите“ обично воспоставуваат врски со лица на кои им е потребна помош, наместо да одберат партнери со кои навистина се компатибилни. Со други зборови, луѓето кои се во спасувачка мисија, обично привлекуваат љубовен партнер кој изгледа кревко, несигурно и ранливо. И пред да станат свесни за тоа, тие се во врска која повеќе личи на спасувачка мисија, отколку на здрава и избалансирана љубовна врска.
Од кои причини можете да влезете во спасувачка мисија во врската?
- Имате доживеано емотивна траума во детството
Ако како дете сте гледале како некој член од вашето семејство (некој од вашите родители, брат или сестра) биле игнорирани, недоволно сакани или малтретирани, вие ќе привлечете партнер кој ја прифатил улогата на жртва и кому му е потребна помош во животот. И тогаш постојано ќе се трудите да му давате љубов, поддршка и сила на партнерот кои не сте можеле да им ги пружите на оној член на вашето семејство кој бил повредуван во минатото.
- Сакате да се чувствувате важни и супериорни
Кога сте во врска со агенда да „го спасувате“ вашиот партнер, чувствувате одредена моќ над него. Не заборавајте дека „помагањето“ може да биде многу контролирирачки начин на поврзување со луѓето.
Лицата кои влегуваат во спасувачка мисија, најчесто го мешаат чувството на сожалување со чувството на љубов. Овие лица длабоко во себе се чувствуваат несигурно и затоа нивниот метод да се чувствуваат безбедно е да имаат контрола во врската. Тие одбираат да живеат со партнер на кој постојано му е потребна помош, бидејќи тоа им помага да се чувствуваат компетентни, моќни и супериорни.
Решение: Ако сте во љубовна врска со некој кој има големи проблеми во животот, запрашајте се дали можеби имате погрешна престава помеѓу чувството на сожалување и чувството на љубов. Клучниот збор кој треба да го запаметите е „РЕСПЕКТ“ –во врската треба да чувствувате љубов и почит кон својот партнер. Со други зборови, треба да се гордеете со вашиот партнер токму таков каков што е со сите негови доблести и маани. Исто така, важно е да одвоите доволно време за себе и за својот личен развој, за да можете доволно да се спознаете себеси, да ги осознаете своите потреби, аспирации и желби и да се потрудите да ги задоволите истите. Тоа, за возврат ќе ви помогне да се чувствувате среќно и исполнето однатре.
Доколку ви е потребно стручно мислење во врска со вашиот љубовен избор или имате проблеми во врската, можете да ме контактирате за помош или директно да закажете онлајн сесија со мене на нашиот прекрасен македонски јазик на следниот линк.
Докторка по медицина, психолошка советничка и доктор на психолошки науки, д-р Снежана Џамбазова – Попорданоска им помогнала на илјадници луѓе од преку 100 земји во светот да го надминат страдањето, да го пронајдат мирот во себе и да зрачат со безпричинска радост.
Авторка е на популарната мотивациска книга за личен развој „Да се живее понаку,“ која е издадена на македонски, англиски и шпански јазик, а исто така и основач на интернационалната непрофитна организација за личен развој „AnotherWay Life Education” со седиште во Мелбурн, Австралија.
За повеќе инспиративни содржини во областа на личниот развој, приклучете се на нејзиниот Јутуб Канал Dr Snezhana.