Another way of livingЛичен и бизнис развојЛично

Личен развој: Кои вредности кои треба да ги поседува вашиот партнер за да имате здрава и хармонична врска?

Везилка Магазин

 

Што мислите кои вредности треба да ги поседува вашиот партнер за да имате здрава и храмонична љубовна врска? Според мислењата на експертите за љубовни врски, искреноста, интегритетот и довербата се неопходни состојки за да имате долготрајна, среќна и хармонична врска.

Довербата е скапоцен елемент во врската, бидејќи Ви дава постојано чувство на сигурност и стабилност.  Да му верувате на партнерот значи да не се плашите дека тој ќе Ве повреди, ќе Ве разочара или ќе Ве изневери. За жал, кога ќе се изгуби довербата во партнерот, ќе се изгуби страста, привлечноста и интимноста во врската.

Довербата стартува со интегритет. Ако вашиот партнер е постојано искрен кон Вас, тој ќе ја стекне вашата доверба. Доколку вашиот партнер е личност со интегритет, тој ќе биде:

  • Искрен кон себеси, т.е. никогаш нема да се лаже себеси. На пример, нема да избегнува да се соочи со својата зависност кон алкохолот или кон коцкањето и нема да тврди дека е готово помеѓу него и неговата бивша, иако речиси секој ден се слушаат по телефон.
  • Искрен е кон другите. Дали вашиот партнер е искрен кон своите колеги, пријатели или клиенти? Дали се занимава со нечесни работи? Запомнете дека ако се посомневате во интегритетот на вашиот партнер, неминовно ќе го изгубите чувството на почит кон него, а со тоа ќе ја изгубите и довербата.
  • Искрен е кон вас. Ако вашиот партнер е искрен кон вас, тој никогаш нема ништо да скрие од вас. Со други зборови, нема да Ви го кажува само она што Вие сакате да го слушнете, со единствена цел да се заштити себеси. Напротив, партнерот со интегритет искрено и отворено ги искажува своите чувства, потреби и желби. Освен тоа, неговите постапки и дела секогаш се во согласност со неговите зборови.

Зошто е важно да се негува довербата во љубовната врска?

1.Кога му верувате на партнерот, инстинктивно се фокусирате на доброто во него, т.е. на неговите позитивни особини

Научните итражувачи од Northwestern University и Redeemr University College дошле до сознание дека партнерите кои имаат развиено меѓусебна доверба, имаат многу поголема почит еден кон друг, за разлика од оние двојки каде е изгубена довербата. Взаемната доверба им овозможува на двајцата партнери да се чувствуваат сигурни, почитувани и сакани во врската.

2.Довербата во партнерот го намалува стресот во врската

Нема ништо полошо од тоа постојано да се прашувате дали вашиот партнер е искрен кон Вас или не. Кога двајцата партнери се меѓусебно искрени, постои отворена и искрена комуникација помеѓу нив. А кога има меѓусебна љубов, почит и отворена комуникација, многу полесно се решаваат конфликтите во врската. Тоа пак им овозможува на партнерите да станат уште поблиски и поинтимни.

3.Довербата води кон почит

Ако сте потполно искрени кон својот партнер, значи дека го почитувате. На пример, ако знаете дека ќе задоцните дома или на состанок со него, навреме ќе му се јавите за тој да не се грижи беспотребно. Реалноста е дека колку посигурно и посакано се чувствува вашиот партнер во врската, со толку поголема почит тој ќе се однесува кон Вас. Довербата е клучот за долготрајна и исполнета врска.

Можеби имало доверба и почит на почетокот на врската, но со текот на времето исчезнале. Оттука, произлегува следново прашање: Како да го спречите ова во иднина? Најважно е да не се изгубите себеси во врската. Ако вашиот партнер не Ве почитува и не е искрен кон Вас, време е да продолжите понатаму. Ако ги намалите вашите критериуми и го прифаќате неговото неприфатливо однесување во името на љубовта, на тој начин можете само да ја изгубите вредноста во очите на партнерот. Доволно почитувајте се себеси за да можете да го оставите оној кој не ве почитува вас. Запомнете дека довербата, искреноста и интегритетот се клучни состојки за една успешна, среќна и здрава врска. Да се биде искрен кон партнерот, значи постојано да се однесувате еден кон друг со љубов, почит и достоинство.

Доколку ви е потребно стручно мислење во врска со вашиот љубовен избор или имате проблеми во врската, можете директно да  ме контактирате за помош на следниов мејл за да закажеме онлајн сесија на нашиот прекрасен македонски јазик.

 

Докторка по медицина, психолошка советничка и доктор на психолошки науки, д-р Снежана Џамбазова – Попорданоска им помогнала на илјадници луѓе од преку 100 земји во светот да го надминат страдањето, да го пронајдат мирот во себе и да зрачат со безпричинска радост.

Авторка е на популарната мотивациска книга за личен развој „Да се живее понаку,“ која е издадена на македонски, англиски и шпански јазик, а исто така и основач на интернационалната непрофитна организација за личен развој „AnotherWay Life Education” со седиште во Мелбурн, Австралија.

За повеќе инспиративни содржини во областа на личниот развој, приклучете се на нејзиниот Јутуб Канал Dr Snezhana.

Везилка Магазин

Напишете коментар