Што значи за вас грижа за себе? Многу луѓе ја дефинираат како одење во спа центри, масажи, шопинг или ставање маска за лице. Го поврзуваат концептот грижа за себе со луксуз.
Кога размислувам за мојата приказна, се сеќавам дека првиот дефинирачки момент беше кога решив да забавам малку и да ги преиспитам моите мисли и уверувања. Но, исто така и кога решив да водам подобра грижа за себе.
За мене, грижа за себе е прашање на здравје а не (само) луксуз.
Многу мажи и жени веруваат дека мораат да бидат совршени родители, партнери и работници. И во тоа верување некако е запечатен шаблонот на неводење грижа за себе и ставање на последно место.
Треба да се откажеме од оваа потреба и да ги преиспитаме нашите вредности. Секој од вас треба да си ја дефинира грижата за себе на начин што ќе ви помогне да се носите со стрес и ќе ви ја зголеми благосостојбата.
Постојат шест категории на грижа за себе:
- Физичка – Ова вклучува физичка активност, на пример 30 минути дневно пешачење или вежбање. Исто така редовни медицински и дентални прегледи се начин за физичко водење грижа за себе.
- Ментална – Значи правење активности кои ќе ви помогнат да се опуштите ментално, како пишување дневник или читање книга.
- Емоционална – Значи обрнување внимание на дијалогот што го водите сами со себе. Што си кажувате себе си кога ќе направите грешка или лоша проценка или кога нешто нема да завршите на време? Емоционална грижа за себе значи имање сочувство за себе. Тоа значи дека ако имате навика да се самокритикувате или самосожалувате, да преземете нешто и да развиете други навики кои ќе ви помогнат да развиете повеќе сочувство кон себе. На тој начин, ќе бидете во можност да имате сочувство и за другите.
- Спиритуална – Значи редовно конектирање со вашиот извор на вера и надеж. Можете да учествувате во верски заедници во зависност од вашата религија. За некои одговара медитација, а за други молитва. Но исто така, со својата спиритуалност се поврзувате и кога поминувате повеќе време во природа.
- Грижа за себе во односите со други луѓе – Значи редовно одвојување време за разговор со партнерот. Исто така, планирање време за разговор и негување на врските со останатите членови на семејството и пријателите.
- Професионална – За ова би можело да се напише посебен текст. Причината е тоа што гледајќи наназад сфаќам колку малку, или воопшто, не сум се фокусирала на професионална грижа за себе во минатото. Под професионална грижа за себе мислам да се стремите кон работа на којашто ќе ви бидат обезбедени сите потребни услови за да ја извршувате таа работа и каде што има здрава работна атмосфера. Поставете си ги границите и немојте да толерирате ништо помалку од почитување во вашата работна средина.
Откако одлучив да се посветам на грижа за себе секој ден, многу работи се променија. Станав повеќе свесна за моите способности и за тоа на што ми е фокусот. Но, исто така забележав намалување на стресот кој го чувствував цело време. Во поголемиот дел од денот чувствувам оптимизам – што значи добро ми влијае на расположение.
Друга придобивка е што ми се зголеми чувството на контрола врз мојот живот и уживање во прекрасни моменти со драги луѓе.
Овој пресврт најмногу значеше за мојата ќерка, Јоана. Откако јас се опуштив и таа се релаксираше и го почувствува менувањето на мојата енергија. Нашите деца не сакаат цело време да ги жртвуваме целото време и сила за нив. Тие сакаат да сме среќни. И тие ќе имаат поголема добивка ако шириме позитивна енергија околу нив. Тоа можеме да го направиме само ако се чувствуваме убаво од внатре.
Редовни чекори кон грижа за себе ми помогна да поминам низ сите предизвици. Голем проблем е што многу луѓе мислат дека водење грижа за себе е себично.
Ова е погрешно. Всушност, обратно е: не е себично што се вртите кон себе, зошто всушност е вртење кон себе и останатите. Затоа што само ако сте добри за себе, добри сте и за другите.
Ќе можете повеќе да им дадете на партнерот, децата, пријателите и фамилијата и на вашата професија само ако се чувствувате убаво. Инаку, колку може да се достиска од веќе исцеден портокал? (вие сте портокалот во оваа аналогија)
Вежба за денес: Развијте сопствен план за грижа за себе. Запишете што можете да правите дневно, неделно и месечно за да го остварите тој план. Размислете кои работи се пристапни и атрактивни за вас. И само уште една работа од лично искуство – ќе успеете во ова само ако го ставите како приоритет.
Ако сте некој кој примената на грижа за себе на дневно ниво ја доживува непријатно, можете да побарате помош или да поразговарате со некој. Прво можете да поразговарате со партнерот и пријателите и да побарате помош и поддршка. Можете дури и со професионалци да поразговарате ако чувствувате вина и да ја земете назад контролата над вашиот живот.
Ова е линк на кој можете да се запишете на мојата емаил листа и секоја недела да добивате емаил на кој делам предлози за грижа за себе, книги, видеа, предлог за филм и многу други работи кои би можеле да ви бидат од корист.
Маја Стојчевски е тренер за родители на деца со предизвик. Нејзина мисија е да им помогне на родителите да ги надминат негативните емоции и да постигнат целосно прифаќање и благосостојба за нив и своите деца. Посебното родителство може да биде прекрасно искуство кога ќе се ослободи родителот од сите предрасуди околу дефиницијата за што е нормално. Работи online сесии со родители од целиот свет. Таа беше мајка на 6 годишната Јоана, која имаше ментален и физички предизвик, и знае како може да му помогне на секој родител кој се чувствува тажно, несреќно, осудено и заглавено.
Пишува блог на нејзината веб-страница а можете да ја најдете и на нејзиниот Јутуб канал. Постојано учествува во обуки од областа на coachingot. Живее во Нојс (Neuss), Германија.