Во претходниот текст имаше Пет причини зошто поставувањето цели е важно?
Постои ефективен начин да се постават цели кои навистина ќе ги постигнете.
Различни животни аспекти
Првата работа што треба да ја направите е да знаете кои животни аспекти сакате да ги подобрите?
Набројте ги категориите, како:
Семејство
Финансии
Работа/Бизнис
Пријатели
Здравје
Личен развој
Допишете ги колоните со животните аспекти кои ви се важни…
Ова е начинот како се одредува што сакате да постигнете на секое поле.
Повеќето луѓе сопираат на овој чекор.
Тие мислат: Ок, ги запишав, завршена работа.
Не, не е. Мали ви се шансите да успеете ако само овие чекори ги правите. За вистински да ги остварите вашите цели треба да преземете акција.
Акции
Значи, втората работа што треба да се направи е да ги погледнете вашите колони. Потоа прегледајте ги вашите цели и резултатите кои сакате да ги добиете и видете кои акции/дела треба да ги направите. Морам искрено да ви кажам дека акциите не се само визуелизација и медитација. Постојат и други акции кои мора да ги превземете.
Големи се шансите тоа да се работи кои ви се надвор од комфор зоната.
Ако сакате да заработите повеќе пари, мора да инвестирате, да научите и да се едуцирате дополнително, да превземете некој ризик – сфаќате, треба да направите нешто околу тоа.
Ако сакате да имате подобра врска со партнерот, треба да излезете од старите рутини, да ја негувате искрата, да зборувате повеќе меѓу себе и да комуницирате подобро…
И вака може да продолжите за секоја цел.
Примери за акција
Да земеме како пример: “Мојата цел е да го проширам мојот круг на пријатели. Сакам да бидам опкружена со позитивни луѓе, на моја бранова должина.“
За да се постигне оваа цел, треба да превземете акции надвор од вашата комфор зона. Едноставно направете нешто поинакво. Треба да земете часови за нешто или да почнете да одите во теретана/или да промените теретана. Можеби треба да се запишете на јога или да запишете групен коучинг курс. Треба да изберете нова средина во зависност од тоа кои ви се интересите. Потоа треба да креирате врски, да поканите луѓе некаде, да покажете интерес за нивните животи – јасно ви е.
Овие нешта не ги правите во моментов. Потребни ви се поинакви резултати од сегашните за да ги постигнете целите. Тоа значи правење на нови акции. Постои едноставен начин да се натерате да направите некоја акција.
Навики
Само тоа што сте донеле одлука да постигнете некоја цел не е доволно. Морате да усвоите однесување кое ќе ве движи кон тој правец. Тоа значи дека ви се потребни нови корисни навики.
Погледнете кои работи ги правите секој ден. Дали постојано го проверувате телефонот или гледате предолго Нетфликс? Дали денот ви започнува со проверка на мејлови минута штом се разбудите? Дали читате барем една книга месечно?
Сите овие активности ве спречуваа до сега да си ги постигнете вашите поголеми цели во животот.
И тогаш, што се прави како трет чекор? Се почнува со менување на навики. Потребни се 30-60 дена да се оформи нова навика. Чекајте, не ви кажав дека не постои магично стапче за постигнување на целите и добивање на она што го сакате? Епа, не постои. 😊
Мора да инвестирате време и труд за да дојдете до поубаво место во вашиот живот.
Треба да инвестирате 30-60 дена во креирање на нова корисна навика која ќе направи превземањето акција да ви стане лесно и природно.
Уверувања
Има тука и четврта работа. Не само што треба да се променат навиките, туку треба да се позанимавате и со вашите уверувања.
Ако моментално верувате дека:
*не сте дисциплинирани
*константно сте неуспешни
*сите други можат, но вие не
*ви треба повеќе едукација, курсеви, книги или среќа…
-тоа ќе ве спречи да ги правите потребните акции. Како можеш да се натераш да направиш било која од акциите погоре ако веруваш дека на крајот нема да успее?
Значи четвртиот чекор е менување на уверувањата. Како се прави тоа?
- Со водени медитации за репрограмирање на потсвеста
- Промена на начинот на кој зборувате за себе
- Употребување афирмации (но само оние кои резонираат со вас и кои прават да се чувствувате добро)
- Визуелизирајте дека веќе сте ја постигнале целта.
Кога сето ова ќе го примените во пракса: поставување цели, одредување на акциите, усвојување корисни навики и промена на уверувањата за што сѐ сте способни – сте си креирале процес кој можете да го следите.
Имајте на ум дека нема да добиете никакви резултати ако одите во теретана 5 или 6 пати.
Истото важи и за личен развој. Не можете да добиете неверојатни резултати во животот ако сите овие работи ги направите само неколку пати.
Но, ако се посветите ви гарантирам: Ќе постигнете сѐ што сакате.
Гордо служам со моето искуство да бидам доказ за ова.
(Во мојот курс Kickstart to be in control of your life, те учам низ 5 мастеркласови како да го постигнеш ова: Цели – Акции – Навики – Уверувања. Тука може да најдеш информации за тоа како можеш да учествуваш. Важна забелешка: Не велам дека МОРА да имаш курс за да ги направиш сите работи од овој текст. Се разбира дека можеш ова да го направиш и самостојно. Само се чувствувам обврзана да ти кажам дека постои и полесна опција да се направи ова, да се стигне до целта побрзо, имајќи многу забава по пат во група со неверојатни жени)
Дали си дел од состаноците Кафе со Маја? Ако си позитивна жена која сака да учи и да расте, те поканувам на БЕСПЛАТНО Зоом дружење еднаш месечно. Кафе со Маја е опуштање затоа што практично пиеме кафе (или Мартини😊). Јас зборувам на некоја тема, а вие се релаксирате и учите нови работи. Не е задолжително, но на крајот можете да поставувате прашања или да коментирате на темата. Кафе со Маја е мој драг проект кој се случува на 3 јазика: македонски, англиски и ср/хрватски.
Можете да се пријавите на емаил: contact@mayastoychevski.com
Маја Стојчевски е тренер за родители на деца со предизвик. Нејзина мисија е да им помогне на родителите да ги надминат негативните емоции и да постигнат целосно прифаќање и благосостојба за нив и своите деца. Посебното родителство може да биде прекрасно искуство кога ќе се ослободи родителот од сите предрасуди околу дефиницијата за што е нормално. Работи online сесии со родители од целиот свет. Таа беше мајка на 6 годишната Јоана, која имаше ментален и физички предизвик, и знае како може да му помогне на секој родител кој се чувствува тажно, несреќно, осудено и заглавено.
Пишува блог на нејзината веб-страница а можете да ја најдете и на нејзиниот Јутуб канал. Постојано учествува во обуки од областа на coachingot. Живее во Нојс (Neuss), Германија.