Овој циклус за подготовката за разговор за работа го започнавме со акцент на прашањето – кажете нешто за себе. Потоа се насочивме кон вашите силни страни и кажавме кој е најдобриот начин да ги претставите пред вашиот работодавец.
Денес ќе зборуваме за вашите помалку силни односно слаби страни. Зошто работодавецот сака да ги знае и како вие сепак можете да ги искористите за да бидат во прилог на комплетноста на вашата личност.
Кога ќе бидете прашани за вашите слаби страни важно е да одговорите внимателно.
Не заборавете: Вие не сакате да фрлите сомнеж врз вашата способност да одговорите на работните обврски. Сепак, исто така, не сакате да се претставите како арогантен или нечесен, тврдејќи дека немате никакви слаби страни.
Постојат неколку различни начини како да одговорите на ова прашање.
Иако прашањето е за слабостите, вашиот одговор секогаш треба да е насочен кон позитивните аспекти на вашите вештини и способности како вработен.
Можете да ги споменете вештините кои не се од клучно значење за работната позиција за која конкурирате или да зборувате за вештините кои во последно време сте ги подобриле.
Еден од пристапите за одговарање на ова прашање е да ги анализирате клучните вештини и предности потребни за позицијата за која сте аплицирале, а потоа да излезете со чесен недостаток кој не е од суштинско значење за успехот на таа работна позиција.
На пример, ако аплицирате за медицинска сестра, може да споделите дека не сте особено вешти во спроведување на групни презентации. Во овој случај, ќе биде од клучно значење да ја нагласите силата на еден-на-еден комуникација со пациентите, истовремено обезбедувајќи пример за вашата тешкотија со презентации на големи групи.
Друга опција е да разговарате за вештини што сте ги подобриле за време на претходната работа или дека активно работите на подобрување. Ова му покажува на работодавецот дека сте посветени на самоусовршување.
Во овој случај, можете да го започнете вашиот одговор за тоа каде започнавте, презентирајќи ги чекорите што ги презедовте за да се подобрите, а потоа да го споменете и постигнатиот исход.
На пример, би можеле да речете: „Една вештина што ја подобрив во минатото беше мојата вештина на продавање. Како производ менаџер, кој работи со внатрешни тимови и не се поврзува со клиенти, јас немав посебен однос кон терминот “продажба”. Сепак, бидејќи јас многу често комуницирам со тимот за продажба, почувствував дека тоа би можело да ми биде од корист за подобро разбирање на нивните стратегии и тактики за продажба.
Одлучив да се запишам на курс за продажни вештини на интернет и не само што го подобрив начинот на работа со продажни тимови туку сега, кога ќе се приклучам на состаноците за продажба, имам многу подобра претстава за тоа што се случува и се чувствувам полезно при комуницирањето со тимот за продажба. Овој курс, исто така, ми помогна да ги надградам вештините што ги користам за да ја продавам мојата визија за производот внатрешно.“
Ако ја користите оваа стратегија, не заборавајте да споменете нешто што сте го подобриле и што ќе биде од клучно значење за работата за која сте интервјуирани, бидејќи не сакате вашите квалификации за работата да бидат ставени под знак прашалник.
Без оглед на она што го кажувате, од особена важност е да покажете дека сте свесни за оваа особина. На пример, „Многу внимавам на деталите. Понекогаш, ова внимание кон деталите може да се претвори во перфекционистички тенденции. Во минатото, оваа особина ме тераше по три пати да го проверувам секој елемент во табелата, или темелно кореспондирајќи ги пораките да се осигурам дека сум комуницирал на јасен и концизен начин, или три пати да го променам изгледот на презентација за да се осигурам дека таа е совршена.
Од оваа моја особина научив успешно да управувам со времето и да оценам кои задачи бараат прецизно внимание на деталите “.
Важно е да се напомене дека терминот „слабост“ не се користи во примерочните одговори – при интервју, секогаш сакаш да се фокусираш на позитивните.
Следниот пат ќе продолжиме со најчесто поставуваните прашања на разговорите за работа, доколку имате некое на кое не знаете како да одговорите слободно пишете ми, ќе го разработиме детално.