ЛичноРодителство

Лично: Што е наша одговорност?

Везилка Магазин

 

За овој текст се инспирирав од одличната книга 7те Навики на најефективните луѓе, од Стивен Ковеј. (На англиски во оригинал е: The 7 Habits of highly effective people by Steven Covey)

 

Ја најдов оваа реченица: “Ние сме слободни да ги избираме нашите акции и дела, според нашето знаење и принципи, но не сме слободни да ги избереме последиците од тие акции.“

Ова е многу едноставна вистина, но не сум сигурна колкумина се свесни за ова. Оваа реченица се сведува на одговорност. Одговорноста се дефинира како прифаќање на последиците од нештата кои бираме да ги направиме.

Секако, слободни сме и можеме да ги бираме да направиме или не направиме нешто. Можеме да избереме да поправиме нешто или да го оставиме како што е. Можеме да останеме во комфор зоната или храбро да одиме напред и да го искусиме животот од различни перспективи.

Наш е изборот. Но, потполно е надвор од наша контрола со кои последици ќе се соочиме подоцна.

Ова значи дека подобро е да ги научиме правилата на играта и да уживаме среќни моменти. Инаку животот може да нѐ натера на ова на потешкиот начин.

Вашите животни околности во моментов можеби се ужасни. Да видиме, кои сѐ работи би можеле да тргнат наопаку (и повеќето од вас ќе се пронајдат  во барем едно од наведените):

 

*Развод

*Банкрот

*Болест или посебни потреби во семејството

*Загуба на сакана личност

*Неуспешен проект

*Отказ од работа

*Конфликти со луѓето околу вас

*Несреќа или природни катастрофи

 

Ова се едни од најтешките ситуации кои може да се случат во животот.

Постојат многу други не толку сериозни предизвици, но можат да ни предизвикаат негативни емоции, како на пример кога фали чувството за цел и исполнетост во животот, чувство дека немаме вредност и неважни сме, споредување со успешни пријатели или членови од семејството, справување со нарушувања во исхраната, недостаток на волја за вежбање или грижа за себе, чувство дека сите знаат што прават во животот освен нас.

Кога ја видов таа реченица во книгата „Слободни сме да ги избереме акциите, но не сме слободни да ги избереме последиците од тие акции,“ зборот Одговорност ми падна на памет.

И тогаш помислив: За што сме ние одговорни кога е во прашање нашето општо добро?

Мислам дека приоритет број еден треба да ни биде развивање свесност за себе си. Мораме да дефинираме кои се нашите вредности и приоритети. Да дефинираме кои сме ние вистински. Ова ќе ни објасни зошто ги зборуваме и правиме нештата кои ги зборуваме и правиме.

Многу луѓе вака му пристапуваат на животот: Седни си удобно и чекај да се случат промени.

Затоа некои луѓе целиот свој живот чекаат „да дојдат подобри времиња.“

Пред нашата ќерка Јоана да дојде во нашите животи и јас имав ваков пристап за некои животни аспекти. Не бев многу проактивна и имав многу изговори зошто мојот живот изгледа така како што е во моментот, итн.

Не дека бев неодговорна, но не бев свесна дека НЕ можам да стигнам онаму каде што сакам да бидам со повторување на истите однесувања. А она што сум го правела очигледно не функционирало.

Не бев баш свесна што точно е моја одговорност. Полесно беше да ги обвинам околностите во мојот живот.

Ја знаете мислата: Не можеш да добиеш решение за проблемот со истото однесување што ве довело до тој проблем.

Втора голема одговорност би требало да биде водење добра здравствена грижа за себе си.

Можеме да избереме да не вежбаме, да не промениме начин на исхрана и да не одиме на редовни прегледи. Но не можеме да ја избереме неизбежната прекумерна тежина, пореметен крвен притисок и срцеви проблеми и сите други можни компликации поради нашите избори.

Трета голема одговорност е едукација.

Можете да изберете да одите како што ве носи денот и веднаш да кажете: 9 саати работа, плус деца и фамилија – немам време за учење нови работи.

Или можете малку да го адаптирате распоредот и да креирате неколку саати во неделата за да научите нешто повеќе од вашето поле на интерес. Или да развиете нов интерес надвор од она што го работите.

Друго нешто од оваа книга е: Нашето најважно финансиско средство е нашата способност да заработиме. Ако не инвестираме време и финансии во подобрување на таа наша способност, самите си ги ограничуваме опциите.

Четврто, наша е одговорноста да развиеме интегритет и сочувство. Наша е одговорноста да бидеме свесни како ги третираме другите. Колку е развиен вашиот мускул на разбирање на другите?

Она што го давате во светот е точно она што го добивате за возврат.

Петто, наша е одговорноста да ги подобруваме вештините за организација на времето. Постои начин да се научи како подобро да се организирате. Овие вештини вклучуваат како да научите да приоретизирате, учење ефективност, дисциплина и конзистентност.

Времето не е нешто што го имаме. Туку е нешто што го креираме. Научете како да креирате време за сѐ што сакате да правите.

Шесто, наша е одговорноста да препознаеме кога во одреден момент сме заглавени. Наша е одговорноста да побараме помош ако ни е потребна. Наоѓањето на правите луѓе кои можат да ви помогнат на почетокот  може да биде неудобно.

Повеќето од нас носат уверувања дека ние би требало да знаеме сѐ и да направиме сѐ самите. Многумина сѐ уште веруваат дека да се признае дека се заглавени и потребна им е помош, тоа значи дека нешто не е во ред со нив.

Реалноста е спротивна од ова. Прочитајте ги биографиите на луѓе кои се среќни, балансирани и уживаат прекрасни животи. Заедничко нешто на сите нив е што биле храбри да признаат дека им е потребна помош. Некои побарале помош во терапија, некои менторство, некои побарале партнери или сојузници со исти вредности и мислења. Не е срамота да се искористи помош од некој друг.

Ние сме социјални суштества и не можеме сѐ самите на себе да преземеме.

Размислете за ова. Во кои аспекти на вашиот живот се однесувате одговорно? На кои нешта би требало малку да поработите? Добредојдени сте да се приклучите на Coffee with Maya. Тоа е бесплатен Зоом состанок каде што во група учиме, делиме идеи и дискутираме на вакви теми.

 

 

Маја Стојчевски е тренер за родители на деца со предизвик. Нејзина мисија е да им помогне на родителите да ги надминат негативните емоции и да постигнат целосно прифаќање и благосостојба за нив и своите деца. Посебното родителство може да биде прекрасно искуство кога ќе се ослободи родителот од сите предрасуди околу дефиницијата за што е нормално. Работи online сесии со родители од целиот свет. Таа беше мајка на 6 годишната Јоана, која имаше ментален и физички предизвик, и знае како може да му помогне на секој родител кој се чувствува тажно, несреќно, осудено и заглавено.

Пишува блог на нејзината веб-страница а можете да ја најдете и на нејзиниот Јутуб канал. Постојано учествува во обуки од областа на coachingot. Живее во Нојс (Neuss), Германија.

Везилка Магазин