МузикаМузика и уметност

„Македонија“ – композиција на Маика Маковски, шпанската музичка сензација со македонско потекло

Views
Везилка Магазин
Маика Маковски е родена и израсната во Палма Де Мајорка, Шпанија, и е ќерка на нашиот интернационален мултиталентиран инструменталист Вангел Мачковски, кој е родум од битолско Буково.
 
Маика започнала со создавање музика на 12 годишна возраст, на 15 веќе настапувала, на 18 имала свој бенд, а на 21 година го издала својот прв албум.
Со својот бенд има изградено успешна интернационална кариера, но на своите македонски корени се навратила пред само неколку години. Водена од своите внатрешни пориви, во 2016 година се раѓа песната „Македонија“, како дел од нејзиниот седми албум, насловен „Chinook wind“.
 
„Песната што ќе ја изведам сега е последна на албумот. За мене многу специјална и една од најдрагите, бидејќи зборува за корените кои неодамна ги открив, на еден многу освестен и комплетен начин…“
 

 „Makedonija“

 

“You made a nest

Where I could rest

You gave me a bed

To lay my head

You took my wrist

Opened my fist

You placed a bird inside

You said it’s fine

It’s not a crime

We swam in the lake

All summer long

We were not alone anymore

I feel I belong somewhere

 

Lele, Makedonija, lele

Lele, Makedonija, lele

 

The dance of the men

For the ones who are gone

For the ones who are left

For the ones who I love

For the ones who love me

From far away

No matter what

No matter when“

 
И токму кога ќе помислите дека песната ќе заврши на 5:10 минути, точно тогаш сфаќате дека само што започнала магијата.
Уживајте во композицијата „Македонија“, овој пат во изведба на Маика Маковски и Quartet Brossa.

 

Интервјуто со Maika Makovski за Везилка ќе биде објавено во текот на наредните недели.
Везилка Магазин

Напишете коментар