ПретставувамеСветУметност

Македонскиот уметник Ѓоко Ризов со сопствен уметнички перформанс во Амстердам и дел од музичка изложба во Њујорк

Везилка Магазин

The English version can be found here.

На 31. aвгуст во Њујорк македонскиот сликар Ѓоко Ризов беше дел од настанот „Abstraction  Have Voices” каде познатиот композитор и пијанист Маргин Александер од Њујорк изведе неколку оригинални композици инспирирани од уметноста на Ризов и единаесет други уметници од девет различни земји.  Настанот во форма на музичка изложба беше инструментален концерт во Њујорк емитуван во живо преку онлине стриминг отворен за сите музички и уметнички љубители.

По завршувањето на настанот, истиот во форма на видео запис е пратен до повеќе галерии и куратори во САД. Маргин Александер за Ризов кажува дека во неговите уметнички дела открил еден сосема нов свет и дека неговата уметност е нешто што не го видел претходно. Инспириран од уметноста на Ѓоко Ризов, Маргин Александер го компонира следново оригинално музичко дело:

 

 

Претходно на 21. август, Ѓоко Ризов имаше свој уметнички перформанс под наслов „Reflections and Frames“ во галеријата „Sound Light Color“ во Амстердам во кој перформанс учествуваше и Александра Црвенковски од Виена.

Уметничкиот перформанс ги истражува човековите свесни и несвесни тенденции на „користење маски“ и во исто време категоризирање на се што се случува и постои околу нас. Прашувајќи се кое е нашето „вистинско лице„ и колку често лицето во огледалото е во спротивност со сликата што му ја прикажуваме на светот, Ѓоко Ризов во својот перформанс преку портрети, огледала и лица, го поставува прашувањето: како изгледа среќата, заљубеноста, осаменоста, депресијата или аксиозноста на човековото лице, и дали и колку сме спремни да се спознаеме себеси и другите.

 

 

Уметничкиот перформанс во интерактивна форма наиде на огромно воодушевување кај публиката во Амстердам, а посетителите земаа и активно учество во истиот.

 

 

Повеќе за Ѓоко Ризов и неговата уметност можете да видете на неговиот Инстаграм профил или на неговата веб страна.

 

 

Ѓоко Ризов речиси половина година живее и твори во Амстердам, Холандија каде претходно во 2017 година на холандската публика ѝ се претстави со самостојна изложба.

Инаку Ризов до мај 2021 година работеше како помошник началник во Единицата за економски и компјутерски криминал при МВР и по напуштањето на службата продолжи активно да се занимава со уметност.

Интервјуто на нашиот уметник за Везилка ќе биде објавено следната недела.

Повеќе фотографии од самостојната изложба во Амстердам:

 

Везилка Магазин