МузикаМузика и уметност

Марија Јанев од Мелбурн со „Будење“ (Awakening) ги спои 7/8 такт, тапанот и латино ритамот во композиција која го буди духот

Везилка Магазин

Приказната на Марија Јанев личи како една од оние типичните за семејствата кои пред неколку децении се селеа од Македонија во Нов Зеланд, но она што е нетипично е што Марија спасот од ненадејниот културен, географски и општествен шок, го пронашла во својот креативен свет – музиката.

Преселена на своја 13 годишна возраст, таа се нашла во средина целосно спротивна од македонската и поради незборувањето јазик и тешкото приспособување на локалните обичаи и традииции, повлекувањето кон својата музика ѝ бил логичен чекор за себеоддржување.

„Јас дури и не се препознавав себеси кога дојдов за првпат во Нов Зеланд, без јазик, се чувствував како аутсајдер…тоа ја менува вашата личност и некако се борите против себе. Музиката ми помогна да ги изразам моите емоции на конструктивен начин и тоа е она што ме донесе мене кај себе“.

Пред 2 години, Марија го започна Power of M – Music Mindfulness Movement – Музички работилници за свесност на деца, млади мажи и жени и возрасни во инспиративен природен амбиент, со кои сака да ги инспирира учесниците на истите да ги развијат своите способности за отпорност, како и повторно да  дојдат во линија со себеси и својата повисока цел.

Песната „Будење“ (Awakening) е снимена во 2019 година со грант од Multicultural Arts на владата на Викторија, Австралија, и преку истата Марија успеа да го сплети нашиот 7/8 такт со тапан и латино звуци на еден посебен и уникатен начин и да порача:

 

„Стани, стани, зборувај, разбуди се, заедно сме посилни, подобри сме“

 

Везилка Магазин