Разно

Меѓународен ден за борба против насилството врз жените – 25 ноември

Везилка Магазин

Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените се одбележува секоја година на 25 ноември.

Генералното собрание на Обединетите нации го одреди овој ден со цел да се подигне свеста за фактот дека жените ширум светот се предмет на силувања, семејно и други форми на насилство, како и да се потенцира дека размерот и вистинската природа на овие проблеми, многу често се прикриваат.

На 17 декември 1999 година, датумот ја доби својата официјална резолуција и во Обединетите нации.

Ако сте во ваква ситуација, или знаете девојка/жена која е, побарајте ги броевите за помош на жени жртви на насилство во државата во која живеете и пријавете веднаш.

Насилството не е одговор, ами проблем, а преќутувањето форма на соучесништво!

Везилка е отворена за секоја девојка/жена која во моментов е можеби во ваква состојба. Ќе направиме се` што можеме за да ја лоцираме правата помош во вашата држава, а вашето име ќе остане анонимно.

Тишината е уште потешка кога сме надвор од родната земја, сами и без свои блиски луѓе. Побарајте помош, заедно сме посилни!

Везилка Магазин

Напишете коментар