Разно

Меѓународен ден на чудесните луѓе – 10 Март

Везилка Магазин

„Никој не е совршен, но секој може да биде прекрасен.“

 

Верувале или не, ваков ден НАВИСТИНА ПОСТОИ – International Day of Awesomeness! И да бидеме искрени, ова е можеби еден од најубавите интернационални празници што треба да биде славен од секого, затоа што секој од нас е чудесно прекрасен на свој начин и нашите подвизи не секогаш се славени и признаени онака како треба.

Но, која е историјата на овој празник?

За ова е најмногу „виновен“ Кевин Ловер. На 6 август 2007 година, додека бил на работа, еден од неговите практиканти предложил да имаат прослава за неговата чудесност. Ова го восхитило Кевин кој рекол дека треба да постои меѓународен Ден на чудесните луѓе и токму тоа го објавил на Твитер. Сѐ после тоа е историја.

А зошто баш на 10 март?

Затоа што на тој ден е роден Чак Норис! Со должна почит кон човекот, овој ден е замислен да го искористи митот за чудесноста на Чак и истиот да биде „основа“ за секој човек на Земјата.

Па, среќен ви празник, чудесните луѓе наши! Во секого од нас се крие по еден Чак Норис, се надеваме го препознавате и славите секојдневно!

Везилка Магазин