МакедонијаНастани

Настан: Плогинг со Марија Соколоска „Биди фит, биди еко, за чисто Кочани“

Везилка Магазин

„Сакам да го вратам сјајот на градот и да му се оддолжам за мојата отсутност“

 

Вака Марија Соколоска, нашата позната нутриционистка од Лондон, сопственик на Marija Sokoloska Msweightlossclinic, ги објасни причините за својот најнов проект – плогирање, овојпат поврзан со нејзиниот роден град Кочани.

„Биди фит, биди еко“ е настан што ги поврзува екологијата и здравјето – Потроши калории и придонеси за почисто Кочани.

Плогирањето е комбинација од џогирање со собирање отпадоци (збор добиен со спојување на шведските глаголи plocka upp (подигање) и jogga (џогирање), што го дава новиот шведски глагол plogga, од кој произлезе зборот plogging). Како организирана активност започнала во Шведска околу 2016 година и две години подоцна веќе се прошири во други земји, како резултат на сѐ по зголемената загриженост за загадувањето со пластика.

Се проценува дека дневно плогираат околу 2.000.000 луѓе во 100 земји и некои настани глобално привлекоа над 3.000.000 учесници.

За прв пат во Македонија, на 12 септември во 16 часот Марија Соколоска, поддржана од Невладина организација за екологија – Green.org и без никаква политичка позадина, организира плогирање во Кочани и за секој учесник на настанот обезбеди еко пакет кој ќе содржи сѐ што е потребно за овој настан.

Пријавување за настанот директно кај Marija Sokoloska Msweightlossclinic или во Фејсбук групата „За КОЧАНИ“.

Везилка Магазин