Среда, 27 април 2022, Readings Hawthorn — Woiworung Country, 701 Glenferrie Rd, Hawthorn, Victoria, 3122, промоција на англиската верзија на „Тагата на Мајлс Франклин под Кајмакчалан“ (роман, Култура, 2004) преведен на англиски јазик од Пол Филев за Cadmus Press, 2020.
Иван Чаповски е наградуван македонски поет, публицист и автор на романи, роден 1936 година во Воденско, Егејска Македонија и неговата поезија веќе 55 години ги илустрира страдањата и триумфите на македонски народ во Егејска Македонија.
Дипломирал на оделот на македонски јазик и историја на литература на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Како новинар работел во весниците „Вечер“ и „Нова Македонија“, а како режисер на документарни програми од 1963 во Радио Телевизија Скопје. Бил главен уредник и директор на книгоиздателството „Македонска книга“ во Скопје.
Од 1963 Чаповски е член на Друштвото на писателите на Македонија, како и на Macedonian PEN centre.
Известување за медиумите:
Придружете ни се на нас, заедно со Ванеса Франческа, австралиска рецензентка на книги и хонорарна новинарка, на промоцијата на англиската верзија на романот „Тагата на Мајлс Френклин под Кајмакчалан“ од наградуваниот македонски автор Иван Чаповски.
Во 1917 година, една од најпознатите романсиерки во Австралија, Мајлс Френклин, авторката на Мојата брилијантна кариера, се фрла во вртлогот на војната како доброволна медицинска сестра во планините на македонскиот фронт. Делумно заснована на записите и историските документи на Мајлс Френклин, оваа измислена приказна е лирска евокација на Македонија разурната од војна од една страна, и писателка која се наоѓа на раскрсницата на нејзината уметничка кариера од друга страна.
„Во последните години од Првата светска војна, познатата австралиска писателка Мајлс Френклин патува на Македонскиот фронт, приклучувајќи се како медицинска сестра во Шкотската женска болница во близина на Кајмакчалан. Војници од многу нации поминуваат низ Македонија која е поделена и разграбана од соседите. Додека нејзините луѓе се борат да преживеат, соочени се со неверојатни загуби и присилно се регрутирани во странски војски кои се борат на нивна територија.
Помеѓу сето тоа, Мајлс ги доловува имињата и надежите на угнетените, бележејќи ги нивните маки, нивните тивки триумфи, како и превирањата на нацијата погодена од настани кои се надвор од нејзина контрола. Оваа измислена приказна за еден краток период од животот на Мајлс Френклин се заснова на нејзиното сопствено пишување и современи документи, поддржани со обемни додатоци од локалната историја и култура.“
Книгата може да се купи на следниот линк.